Избрана новата српска Влада

Србија вечерва ја доби новата Влада предводена од Александар Вучиќ.

Од вкупно 250 пратеници во салата биле присутни 228 пратеници, а „за“ Владата гласаа 198, 23 биле „против“, шестмиан биуле „воздржани“, а еден пратеник одбил да гласа.

Владата ќе има 19 членови, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот.

Со Министерството за финансии ќе раководи Лазар Крстиќ, со Министерството за економија Душан Вујовиќ, со Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, која ќе биде и потпретседател на владата.

За министер за внатрешни работи е именуван Небојша Стефановиќ, за правда Никола Селаковиќ, за државна управа и локална самоупрва Кори Удовички, за одбрана Братислав Гашиќ, за здравство Златибор Лончар, за образование, наука и технолошки развој Срѓан Вербиќ.

Минстер без ресор, задролжен за Европската унија ќе биде Јадранка Јоксимовиќ, Александар Вулин е назначен за министер за труд, вработување, боречки и социјална прашања, додека Расим Љајиќ ќе биде потпретседател на владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации.

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ ќе биде прв потпретседател и министер за надворешни работи, Александар Антиќ ќе биде министер за енергетика и рударство, Снежана Богосављевиќ-Бошковиќ ќе биде министер за земјоделство и заштита на животната средина, додека Министерството за култура и информирање ќе го раководи Иван Тасовац.

Вања Удовички ќе отане на чело на Министерството за млади и спорт, додека во новата влада како министер без ресор ќе биде и Велимир Илиќ.