Заев - СДСМ не ги признава изборите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција веднаш по завршувањето на гласањето во 19 часот изјави дека главната опозициона парија не го признава изборниот процес. Тој ги оцени изборите како нефер, недемократски и нецивилизирани.

„СДСМ не го признава изборниот процес, без разлика какви и да се резултатите.
Граѓаните во Македонија се измамени, нема услови за елементарен изборен процес, кој е спроведен нецивилизирано, во истовреме е узурпирано уставното право на граѓаните“, рече Заев.

Тој наведе низа нерегуларности во текот на изборниот ден, а и во предизборието. Заев побара да се формира техничка влада се додека не се спроведат нови избори. Партијата утре ќе решава за следните чекори.

ВМРО ќе ги сочека резултатите, рече Антонио Милошоски од името на ВМРО-ДПМНЕ. „Македонија со ваков изборен ден е пример за целиот регион. Ова се најмирни избори во историјата на Македонија. Ова е победа на сите граѓани“, рече Милошоски.