Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вооружени проруски сепаратисти во градот Славјанск на истокот на земјата заробиле меѓународни набљудувачи на ОБСЕ. Министерството соопштува дека во тек се преговори за ослободување на групата од седуммина претставници на ОБСЕ и петмина припадници на украинските вооружени сили. Во соопштението се наведува дека бутновниците го заробиле автобусот со кој патувале набљудувачите на ОБСЕ и оти тие сега се држат во зградата на Државната служба за безбедност во Славјанск која е под контрола на сепаратистите. Набљудувачите на ОБСЕ го надгледуваат спроведувањето на женевскиот договор што беше потпишан на 17 април од министрите за надворешни работи на Украина, Русија, САД и на ЕУ заради намалување на тензиите во Украина. Западните земји и Русија меѓусебно се обвинуваат за неспроведување на договорот.