Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека е тотално неточна и полна со лаги прес-конференцијата на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини премиерот Никола Груевски дека ја продал Македонска банка и земал 1,5 милиони евра црни пари во кеш од српскиот бизнисмен „Газда Нини“. Зоран Заев измислува и халуцинира, се наведува во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата наведува дека Груевски од никого и никогаш нема земено никакви пари, ниту пак бил сопственик на посочените фирми. Ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска Банка.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе поднесе тужба за клевета. Досега беа толерирани безброј лаги, навреди и манипулации, но денес Зоран Заев отиде предалеку. Оваа лага е премногу и нема така лесно да помине“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека во периодот за кој зборува Заев, односно во 2003 и 2004 година, токму СДСМ бил на власт.
„Ако имало барем ситница, Никола Груевски немаше да стане премиер поради тоа што цела Влада на СДСМ се обидуваше да најде барем нешто против него“, се наведува во партиската реакција.