Оклопните возила се стационирале пред зградата на градската управа во Словјанск која е окупирана од проруски сепаратисти. Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Украина е на работ на граѓанска војна.
Во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин, како што соопшти Кремљ, изјавил дека воената операција што ја презеде Киев во источниот дел на земјата, претставува вовед во граѓанска војна.
Двајцата државници изразиле надеж дека состанокот во Женева меѓу Украина, Русија, Соединетите Држави и Европската унија ќе биде јасен сигнал за враќање на ситуацијата во мирни рамки.
На ист став е и американскиот Стејт департмент кој најави дополнителни санкции против Москва доколку овие преговори пропаднат.
Украинскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева Јури Клименко пред преговорите изјави:
„Украина за време на состонокот нема да дискутира за нејзини внатрешни прашања или за евентуална федерализација на земјата. Тоа не е на дневен ред.“
До сè ова дојде неколку часа откако украински специјални сили ја презеле контролата врз аеродромот во Краматорск на истокот на Украина, каде што проруските сепаратисти контролираат владини згради во неколку градови.
Има различни информации за бројот на жртвите при оваа акција. Додека руските медиуми јавуваат за четворица загинати во Краматорск, Киев вели дека немало загинати, туку четворица заробени проруски сепаратисти.
Слична акција имало и во Словјанск, во чија близина биле распоредени украински сили кои чекале наредба да интервенираат во градот кој е под контрола на проруски сепаратисти. Белата куќа оцени дека украинската влада морала да реагира на, како што се наведува, неодржливата ситуација на истокот на земјата.
„Ја цениме изјавата на украинската влада дека секоја преземена акција ќе биде постепена и одговорна и се согласуваме дека секоја употреба на сила не е пожелна опција. Провокациите во источна Украина создадоа ситуација во која владата мораше да одговори. Најдобар начин за деескалација на ова ситуација е ако вооружените милитанти ги напуштат зградите кои ги зазедоа“, изјави портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни.
Претходно, Владимир Путин побара од меѓународната заедница и Обединетите нации да ја осудат украинската операција. Официјална Москва ја обвинува владата во Киев за игнорирање на правата на украинските граѓани кои зборуваат руски и вети дека ќе ги заштити.
Но, во најновиот извештај на Обединетите нации се наведува дека тие жители, вклучувајќи ги и оние на Крим кои на референдум гласаа за приклучување кон Русија, не биле под сериозна закана.
„Иако имаше некои напади врз руската етничка заедница, тие не беа ни систематски, ни во голем број“, се наведува во извештајот на Обединетите нации.
„Ние немаме никаков веродостоен доказ со кој се оправдува загриженоста на дел од руската говорна популација во Украина“, изјави шефот на Европскиот оддел на Високиот комесар за човекови права Џани Магацени.
Овој извештај Москва го оцени како едностран, политизиран и измислен. Рускиот премиер Дмитри Медведев ја предупреди украинската влада да не донесува пребзи одлуки кои само ќе ја продлабочат кризата.
„Единствен начин да се зачува Украина и да се смири ситуацијата е преку создавање нормални услови за развој на земјата, дијалог со сопствениот народ, вклучувајќи ги сите етнички групи и признавајќи ги Русите како еднакви граѓани со Украинците“, изјави Медведев. За разлика од него, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за проблемите во источниот дел на Украина ја обвини Москва.
„Сосема е јасно дека руска рака е длабоко вмешана во ова“, изјави Расмусен по состанокот со министрите за одбрана на Европската унија од кои побара посилна соработка со НАТО на воен план.
„Руската анексија на Крим ги поттикна членките на Унијата да ги преиспитаат своите обврски во областа на одбраната, во голема мерка запоставени поради тешката економска криза“, рече заменик шефот на европската дипломатија Мачеј Поповски.

Провокациите во источна Украина создадоа ситуација во која владата мораше да одговори. Најдобар начин за деескалација на ова ситуација е ако вооружените милитанти ги напуштат зградите кои ги зазедоа.