Под мотото „Се слави уметноста“, од 23 до 29 април, во Битола ќе се одржи 16-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Во конкуренција за наградата Гран-при овојпат ќе се најдат 12 претстави од исто толку европски држави – Русија, Финска, Белорусија, Украина, Австрија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Бугарија и од Македонија.
Битола, од 23 до 29 април, наново ќе биде европски центар на уметноста. На театарот. Во градот под Пелистер, во тој период, ќе се одржи 16-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, традиционалната манифестација која од година во година се издига над обичноста на „уште едно културно случување во земјава“ и прераснува во настан кој со сите свои нишани им прилега на вистинските вљубеници во „штиците што значат живот“.
Од таму нималку не чуди што овојпат публиката ќе има можност да проследи 17 претстави, од кои 12 во конкуренција за Гран-при од исто толку европски држави - Русија, Финска, Белорусија, Украина, Австрија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Бугарија и од Македонија.
„Ќе ја славиме театарската уметност и се она што е убаво во седумте фестивалски дена. Се надеваме дека публиката, како и во изминатите години, ќе го препознае квалитетот на овој фестивал кој што достигна високо реноме во изминатите изданија и дека ќе ги исполни салите на Центарот за култура и на Народниот театар до последното место“, вели Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура, инаку организатор на ова случување.
Фестивалот ќе биде отворен со гостувањето на Македонскиот народен театар и претставата „Аферата Елсинор“ на авторот и режисер Љубиша Георгиевски, потем вон конкуренција ќе бидат прикажани и „Галеб“ од Чехов на Студентите по актерска игра од ФДУ, „Розенкрац и Гилдерстен се мртви“ во режија на Никита Миливојевиќ и „Без паника“ на Благој Мицевски на Народниот театар од Битола, а за спуштање на завесата на ова издание на манифестацијата е предвидено прикажувањето на „Стјуардеси“ - хит претставата на Театар Комедија и режисерот Синиша Ефтимов.
Но она што е особено важно е што публиката ќе има можност да ги проследи остварувањата на актерите Алена Данченко од Театарот за деца и млади во Вологда – Русија („Сонот на Наташа“ ), Елена Дудич од Могилов театар во Белорусија („Пјаф“), Ментор Зумберај од Театарската-филмска куќа „Акт“ од Косово, Ареќко Марчета од Нови Град - Босна и Херцеговина, Американката Нина Саливен со своето видување на Шекспировиот „Лир“, Јорданка Стефанова од сатиричниот театар во Софија -Бугарија („Бесна,кривогледа и лакома“), Кристиан Нислмилер од Театар Фабрика во Австрија („Хесе и Клингор“), Никола Василевиќ со независниот проект „Кралот на измамата“ од Црна Гора, Марија Груничева од Академскиот театар Колесо во Украина („Те чекам љубов моја!“), Еција Ојданиќ од Театар Морузга од Загреб -Хрватска („Бобочка“), Драгана Јовановиќ од Народниот театар од Ниш-Србија („Теодора недовршено“) и Кристијан Светиев од Македонија, кој ќе ја изведе својата дипломска претстава „1900-тиот“ работена по текст на Алесандро Барико во режија на Зоја Бузалкова.
Нив ќе ги оценува меѓународното стручно жири во кое се Ѓорѓи Јолевски, Нина Мазур од Германија, Татјана Киктева од Белорусија и Драгана Бошковиќ од соседна Србија, а со кое ќе претседава Мими Таневска – Србиновска, една од најпознатите македонски актерки.
„Овојпат ми се чини дека имаме најквалитетен избор од кога постои Фестивалот. Ги одбравме најдобрите и најквалитетни претстави во кои се застапени многу жанрови. Ни претстои богат театарски живот со врвни остварувања во монодрамата во Европа. Годинешната програма претставува голем фестивалски подвиг и ќе биде вистински магнет за публиката бидејќи на програмата ќе се најдат монодрами во кои ќе има комедии, трагикомедии, драми и други театарски жанрови и убеден сум дека ќе го надминеме минатогодишното издание за кое заеднички оценивме дека беше на еден висок степен“, истакнува актерот Петар Мирчевски, селектор на програмата на Интернационалниот фестивал на монодрама.
Покрај ова, во рамките на 16-то издание на Фестивалот, предвидено е да се одржи и Колонијата на драматурзи која Н.У. Центар за култура Битола ја организира во соработка со ИТИ Центарот при УНЕСКО со седиште во Македонија, а чиј координатор ќе биде Иванка Апостолова. Ова подразбира дека петмина драматурзи ќе бидат гости на манифестацијата и ќе творат за време на нејзиното одржување.
Конечно, Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2014“ се одржува под покровителство на Министерство за култура и со поддршка на општина Битола.
Ќе ја славиме театарската уметност и се она што е убаво во седумте фестивалски дена. Се надеваме дека публиката, како и во изминатите години, ќе го препознае квалитетот на овој фестивал.Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура.
Од таму нималку не чуди што овојпат публиката ќе има можност да проследи 17 претстави, од кои 12 во конкуренција за Гран-при од исто толку европски држави - Русија, Финска, Белорусија, Украина, Австрија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Бугарија и од Македонија.
„Ќе ја славиме театарската уметност и се она што е убаво во седумте фестивалски дена. Се надеваме дека публиката, како и во изминатите години, ќе го препознае квалитетот на овој фестивал кој што достигна високо реноме во изминатите изданија и дека ќе ги исполни салите на Центарот за култура и на Народниот театар до последното место“, вели Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура, инаку организатор на ова случување.
Овојпат ми се чини дека имаме најквалитетен избор од кога постои Фестивалот. Ги одбравме најдобрите и најквалитетни претстави во кои се застапени многу жанрови.Петар Мирчевски, актер.