Владејчката партија најавува отворање на нови фабрики во Охрид, со што градот ќе заживеел, но опозицијата потсетува дека власта досега најавувала големи проекти од кои нема трага.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески најавија дека во Охрид доаѓа германска инвестиција во автомобилската индустрија преку компанијата ODW ELECTRIC која ќе вложела 15 милиони евра.
Според нив тоа ќе значело само почеток на препородот и економското заживување на Охрид. Тие најавуваат отворање на 1000 работни. Фабриката на почетокот ќе биде лоцирана во близина на локалитот Свети Еразмо во Охрид.
„На едукација во Германија ќе бидат испратени околу 100 вработени кои од септември или октомври оваа година ќе почнат со редовниот производствен процес. Плановите на овој германски гигант се да почне изградба на голем производствен капацитет од 10.000 м2. Се работи за германски производител на мехаторника, за воздушни перничиња, сигурносни појаси, електромотори и тоа за потребите на големите автомобилски гиганти во Германија“, рече Бакрачески.
Тој истакна дека наскоро ќе соопштат уште една компанија која ќе отвори своја фабрика во Охрид, исто така во делот на автомобилската индустрија, а која ќе вработува 800 луѓе.
„Прв пат по цели 24 години во Охрид и охридскиот регион и по период на масовно затворање на индустриските објекти и масовно отпуштање од работа во Охрид ова е првпат да се отвора стопански капацитет“, вели Бакрачески.
Сакаме да потсетиме на неколку најавени и никогаш нереализирани инвестиции од страна на ВМРО-ДПМНЕ во последните 8 години вели Ванчо Костовски, претседател на ОК на ВМРО-НП.
„Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Отекс со 1000 вработувања - помпезно најавена, никогаш нереализирана. Хотел Радисон во Горица - помпезно најавена во медиумите, никогаш нереализирана. Холандски хотел во Рача - помпезно најавен никогаш нереализиран. Најавуваа дека Сименс ќе го купи ЕМО – во 2008 пред избори, 2009 и 2011, лаги со опашки. Хотел Ексцелзиор – најавен, никогаш нереализиран. Руски комплекс со бањи во Љубаништа ( ако заборавиле од ВМРО ДПМНЕ пред да го најдат Субрата Рој, најавуваа Руски Тајкуни дека ќе инвестираат во Љубаништа ). Турска болница - силно ја најавија и одеднаш ја заборавија“, изјави Ванчо Костовски претседател на ОК на ВМРО-НП во Охрид.
„СДСМ од Охрид ги поздравува сите продуктивни и одржливи странски и домашни инвестиции што создаваат нови работни места во реалниот сектор. Но, до овој момент не видовме ниту една таква во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ секогаш пред избори ни покажува некакви цртежи, макети, 3Д анимации и планови за некакви наводни конкретни проекти, но цели осум години не реализира ниту еден таков конкретен проект. Каде исчезнаа ветените хотели од висока категорија?“, прашува Томислав Тунтев претседател на СДСМ Охрид.
Ниту една од тие споменати инвестиции јас лично не сум ги споменал како ветена ивестиција на локалната самоуправа. Сето она што беше претходно беше ветено ќе биде реализарано и повеќе од тоа, одговори Бакрачески
На едукација во Германија ќе бидат испратени околу 100 вработени кои од септември или октомври оваа година ќе почнат со редовниот производствен процес. Плановите на овој германски гигант се да почне изградба на голем производствен капацитет од 10.000 м2.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Според нив тоа ќе значело само почеток на препородот и економското заживување на Охрид. Тие најавуваат отворање на 1000 работни. Фабриката на почетокот ќе биде лоцирана во близина на локалитот Свети Еразмо во Охрид.
„На едукација во Германија ќе бидат испратени околу 100 вработени кои од септември или октомври оваа година ќе почнат со редовниот производствен процес. Плановите на овој германски гигант се да почне изградба на голем производствен капацитет од 10.000 м2. Се работи за германски производител на мехаторника, за воздушни перничиња, сигурносни појаси, електромотори и тоа за потребите на големите автомобилски гиганти во Германија“, рече Бакрачески.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш пред избори ни покажува некакви цртежи, макети, 3Д анимации и планови за некакви наводни конкретни проекти, но цели осум години не реализира ниту еден таков конкретен проект.Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид.