Американскиот претседател Барак Обама побара од рускиот претседател Владимир Путин да ги смири проруските сепаратисти во Украина. Путин тоа истото го побара од Обама со украинските власти во Киев. Во меѓувреме, проруски активисти ја презеле контролата врз владини згради во десетина украински градови.
Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор побарал од рускиот колега Владимир Путин да го искористи неговото влијание кај вооружените проруски групи за да ги убеди да ги напуштат владините згради што ги презедоа во десетина градови.
„Русија продолжува да биде вклучена во провокативни акции во источна Украина. Самото присуство на руски војници на границата, како и се она што тие направија внатре во Украина, пртетставува опасност за дестабилизација на таа земја“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, наведувајќи дека Обама му рекол на Путин оти мора да ги повлече руските војници во близина на границата за да се намалат тензиите, забележувајќи дека владата во Киев покажала значителна воздржаност.
Карни ги потврди наводите на Москва за посетата на директорот на ЦИА Џон Бренан на Киев во текот на изминатиот викенд.
„Обично не ги коментираме патувањата на директорот на ЦИА, но со оглед на посебните околности во овој случај и погрешните наводи од руска страна, можеме да потврдиме дека тој беше во Киев во рамките на неговата работна посета на Европа“, рече Карни.
Како и да е, Кремљ има своја верзија за овој случај, но и за телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.
Имено, Путин рекол дека Русија не е инволвирана во нередите во источна Украина и ги отфрлил како шпекулации наводите дека нив ги организирале руски агенти.
Киев и Западот се сомневаат дека сепаратистите во Украина биле организирани од Москва со цел да побараат повторување на сценариото за приспојување кон Русија, како што претходно се случи со Крим.
Официјална Москва објави дека Путин добил многубројни повици за помош од источноукраинските области и оти ја следи ситуацијата со голема загриженост.
Токму ваквата оценка, според западните новински агенции, може да претставува вовед за руска интервенција.
Тие потсетуваат на изјавата на претседателот Путин дека по секоја цена ќе им обезбеди сигурност на сите Руси кои живеат во државите што некогаш беа дел од поранешниот Советски Сојуз.
Според соопштението на Кремљ, Путин го повикал Обама да го искористи американското влијание во Украина и да го спречи крвопролевањето.
Претходно, привремениот украински претседател Олександар Турчинов изјави дека планираната офанзива против проруските сепаратисти се уште била во опција и покрај фактот што таа не беше покрената по истекот ултиматумот за нивно предавање.
Тој побара мировни сили на Обединетите нации за да помогнат во, како што рече, чистењето на терористите од окупираните украински територии.
Русија продолжува да биде вклучена во провокативни акции во источна Украина. Самото присуство на руски војници на границата, како и се она што тие направија внатре во Украина, пртетставува опасност за дестабилизација на таа земја.Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.
„Русија продолжува да биде вклучена во провокативни акции во источна Украина. Самото присуство на руски војници на границата, како и се она што тие направија внатре во Украина, пртетставува опасност за дестабилизација на таа земја“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, наведувајќи дека Обама му рекол на Путин оти мора да ги повлече руските војници во близина на границата за да се намалат тензиите, забележувајќи дека владата во Киев покажала значителна воздржаност.
Карни ги потврди наводите на Москва за посетата на директорот на ЦИА Џон Бренан на Киев во текот на изминатиот викенд.
Обично не ги коментираме патувањата на директорот на ЦИА, но со оглед на посебните околности во овој случај и погрешните наводи од руска страна, можеме да потврдиме дека тој беше во Киев во рамките на неговата работна посета на Европа.Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.