Во саботата, на 12 април, во театарот „Вера Комисаржевска“ во Санк Петербург, се случи премиерата на претставата „Опасни врски“ од Шодерло де Лакло што ја режираше Дејан Пројковски. Во овој проект се вклучени уште тројца македонски уметници – Благој Мицевски, Валентин Светозарев и Горан Трајковски, а првичните оценки од критиката се дека тие потпишуваат проект со нова естетика кој ќе ги освојува фестивалските сцени.
Македонскиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, сценографот Валентин Светозарев, костимографот Благој Мицевски и композиторот Горан Трајковски, во деновите од изминатиот викенд го свртеа вниманието на театарската јавност во Санкт Петербург, во Русија. Тие во прочуениот театар „Вера Комисаржевска“ ја поставија „Опасни врски“ од Шодерло де Лакло, претставата за која критичарите по саботната премиера, ќе забележат дека донела нов, поинаков сензибилитет на тамошната сцена и дека е проект со кој овој артистички колектив ги има сите предуслови да го започне своето ново патешествие по фестивалите на Стариот континент.
„Она што како заклучок можам да го кажам тоа се првите коментари и реакции на критиката дека претставата донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевска“, сосема различна од она што тие го имаат на репертоарот и го играат, и дека е тоа една репрезентативна претстава која што сигурно ќе го најде својот пат до театарските фестивали.“
Режисерот дополнува дека била продадена и втората премиера (14 април) и вели дека за ваквиот след на настаните особено бил радосен уметничкиот директор на театарот Виктор Новиков, кој во своето видување нагласил дека тие како институција добиле репертоарен продукт за кој е убеден дека ќе го анимира вниманието на публиката.
Од друга страна, говорејќи за „Опасни врски“ како претстава за љубовта, страста, прељубата, разочарувањето, изневерувањето и болката, Пројковски нагласува дека тие се обиделе заедно со актерите „да раскажат една современа модерна сторија“.
„Направивме една претстава која што е доста жестока, доста сурова. Претстава која на еден начин ја води главната приказна помеѓу Валмонт и Мертеј, помеѓу двајца луѓе кои заради минатото не можат да ја живеат сегашноста. “
Притоа, со желба сето тоа да биде ставено во денешен актуелен контекст, тие како автори инсистирале играта на актерите (пластиката на претставата) да биде базирана на сценски движења, всушност на манифестирање на психичката состојба на ликовите во што од голема помош им била кореографката Лена Прокопиева.
„Си зададовме една задача да се занимаваме многу со психичката состојба на ликовите, со можноста како од тоа да произлегуваат тие манифестации во сценските движења и во пластиката на претставата. Голем дел од партитурата на претставата се раѓаше на пробите во изминативе два месеца, во тој еден доста слободен, истражувачки процес. Конечно претставата е готова и мислам дека сите сме задоволни прво од процесот на работа, а сега и од производот.“
Интересно е, како што вели режисерот, што притоа музиката на Трајковски понудила своевиден филмски пристап и дека раскажува една своја, паралелна приказна што на моменти е спротивна од она што го преку своите сценски движења го нудат актерите.
Таа носи една своја порака, друга емоција, така што мислам дека Горан и овој пат навистина создаде една многу возбудлива музичка сторија и тоа е особено важно оти ја прави претставата повеќеслојна. Исто како и костимите на Благој Мицевски и особено сценографијата на Валентин Светозарев, која што е активен учесник во самата игра на актерите.
Во септември театарот „Вера Комисаржевска“, токму со „Опасни врски“ на Пројковски, ќе биде на турнеја во регионот – ќе настапува на сцените во Црна Гора и во Хрватска, па не чуди кога режисерот ќе рече дека ќе сторат напори овој проект да и го предочат и на македонската културна јавност.
Инаку, ова е негова втора соработка со актерите од прочуениот театар од Петербург. Пред нецели две години со нив и нивните колеги од Народниот театар од Битола и членовите на Македонската опера и балет, тој го потпиша копродукцискиот сценски ораториум „Ромео и Јулија“ со кој тогаш беше отворен фестивалот Охридско лето.
За ваквите ангажмани Пројковки знае да каже дека навистина е голема среќа кога ден режисер може да ги менува средините и да создава претстава со друга екипа и друга енергија.
„Секогаш зборуваме дека театарскиот јазик треба да биде универзален, да носи јасни пораки, да биде иновативен ...така што ова е една проверка на создавањето на еден би рекол режисерски ракопис кој што може да биде препознатлив и читлив и во други средини.“
Кон ова само уште информацијата дека Дејан Пројковски, минатата година, со успех ја постави и „Браќа Карамазови“ на сцената на театарот „Марин Држиќ“ во Дубровник, Хрватска.
Она што како заклучок можам да го кажам тоа се првите коментари и реакции на критиката дека претставата донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевска“.Дејан Пројковски, режисер.
„Она што како заклучок можам да го кажам тоа се првите коментари и реакции на критиката дека претставата донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевска“, сосема различна од она што тие го имаат на репертоарот и го играат, и дека е тоа една репрезентативна претстава која што сигурно ќе го најде својот пат до театарските фестивали.“
Режисерот дополнува дека била продадена и втората премиера (14 април) и вели дека за ваквиот след на настаните особено бил радосен уметничкиот директор на театарот Виктор Новиков, кој во своето видување нагласил дека тие како институција добиле репертоарен продукт за кој е убеден дека ќе го анимира вниманието на публиката.
Направивме една претстава која што е доста жестока, доста сурова. Претстава која на еден начин ја води главната приказна помеѓу Валмонт и Мертеј, помеѓу двајца луѓе кои заради минатото не можат да ја живеат сегашноста.Дејан Пројковски, режисер.
Од друга страна, говорејќи за „Опасни врски“ како претстава за љубовта, страста, прељубата, разочарувањето, изневерувањето и болката, Пројковски нагласува дека тие се обиделе заедно со актерите „да раскажат една современа модерна сторија“.
„Направивме една претстава која што е доста жестока, доста сурова. Претстава која на еден начин ја води главната приказна помеѓу Валмонт и Мертеј, помеѓу двајца луѓе кои заради минатото не можат да ја живеат сегашноста. “
Притоа, со желба сето тоа да биде ставено во денешен актуелен контекст, тие како автори инсистирале играта на актерите (пластиката на претставата) да биде базирана на сценски движења, всушност на манифестирање на психичката состојба на ликовите во што од голема помош им била кореографката Лена Прокопиева.
Секогаш зборуваме дека театарскиот јазик треба да биде универзален, да носи јасни пораки, да биде иновативен ...Дејан Пројковски.