Кандидатите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, и на коалицијата на чело со СДСМ, Стево Пендаровски освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател, Ѓорге Иванов, според преброени 99,72 насто од гласови освоил 448.303 гласови или 51,65 проценти од оние што излегле на гласање во првиот круг од претседателските избори. Стево Пендаровски, кој беше предложен од опозицискиот СДСМ, освои 326.069 гласови, односно 37,57 проценти. Овие двајца кандидати се пласираа за вториот круг од претседателските избори, што ќе биде одржан на 27 април, заедно со вонредните парламентарни избори.
Илијаз Халими од ДПА освои 38.965 гласови, или 4,49 насто, а за Зоран Поповски од ГРОМ се изјасниле 31.360 граѓани, односно 3,61 проценти од излезените гласачи.
По објавувањето на првичните неофицијални резултати од партиските штабови, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов изјави дека поддршката од граѓаните им дава сила да ги продолжат реформите за доброто на сите граѓани на Македонија
„На 27-ми граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање. Ќе одговорат со уште поголема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот труд. Граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април. Победа и на претседателските и на парламентарните избори. Двојна победа, која со она што можеме да го видиме денеска и можеме уште посигурно да кажеме, ќе донесе 62 мандата“, рече Иванов.
На прес-конференцијата се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски, кој рече дека Македонија покажала оти има разлика и дека народот точно ја препознава таа разлика.
„Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните која јасно покажува какви вредности поддржуваат и дека поддржуваат труд, многу работа, чесен приод кон народот и работата, одговорност и посветеност кон целите на дадената доверба на изборите. Ние сме благодарни за оваа поддршка и таа ни дава силен ветар во грб за крајната цел која е на 27 април, како за изборот на претседател, така и за добивање на 62 места во парламентот на Република Македонија“, рече Груевски.
Прес-конференција одржа и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, кој рече дека резултатот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ не е резултат ниту на неговите квалитети, ниту на успесите на политичката структура што го поддржува.
„Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг и јас имам намера до последниот ден да се борам за концептот, идеите и вредностите во кои верувам. Уверен сум дека и во вакви услови на систематски притисок и на систематски закани и уцени од досегашната структура на власт, можеме да дојдеме до победа на 27 април“, рече Пендаровски.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека резултатот што е постигнат на првиот круг е неочекуван. Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните.
„Крајниот резултат е нов удар врз кревката демократија во Македонија. Но, граѓаните на Македонија ја знаат вистината. Ние сме тука заедно со вас, граѓаните, во најтешките моменти. Да не дозволиме режимот да триумфира. Овој срам во првиот круг од изборите нема да дозволиме да се повтори во вториот изборен круг. Ова е срам за оваа режимска власт и само ја покажува нивната вистинска слабост. Убеден сум дека на 27-ми април граѓаните на Македонија заедно со нас ќе се кренат во одбрана на својата земја и победа над овој режим“, рече Заев.
Претседателот на ДИК, Никола Рилкоски, на полноќната прес-конференција рече дека изборите поминаа мирно со регистриран еден единствен инцидент во Неготино каде што во попладневните часови од непознато лице е искршена гласачка кутија и гласањето е прекинато на тоа гласачко место.
„Гласањето помина без проблеми и во дијаспората, а сите гласачки места во Македонија беа отворени навреме“, посочи Рилкоски.
Првичните резултати од гласањето Државната изборна комисија ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.
Вториот круг од изборите за шеф на државата ќе се одржи на 27 април. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови, под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
Граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април. Победа и на претседателските и на парламентарните избори. Двојна победа, која со она што можеме да го видиме денеска и можеме уште посигурно да кажеме, ќе донесе 62 мандата.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија кој бара втор мандат од граѓаните.
Илијаз Халими од ДПА освои 38.965 гласови, или 4,49 насто, а за Зоран Поповски од ГРОМ се изјасниле 31.360 граѓани, односно 3,61 проценти од излезените гласачи.
По објавувањето на првичните неофицијални резултати од партиските штабови, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов изјави дека поддршката од граѓаните им дава сила да ги продолжат реформите за доброто на сите граѓани на Македонија
„На 27-ми граѓаните ќе одговорат на уште едно прашање. Ќе одговорат со уште поголема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот труд. Граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април. Победа и на претседателските и на парламентарните избори. Двојна победа, која со она што можеме да го видиме денеска и можеме уште посигурно да кажеме, ќе донесе 62 мандата“, рече Иванов.
На прес-конференцијата се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски, кој рече дека Македонија покажала оти има разлика и дека народот точно ја препознава таа разлика.
„Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните која јасно покажува какви вредности поддржуваат и дека поддржуваат труд, многу работа, чесен приод кон народот и работата, одговорност и посветеност кон целите на дадената доверба на изборите. Ние сме благодарни за оваа поддршка и таа ни дава силен ветар во грб за крајната цел која е на 27 април, како за изборот на претседател, така и за добивање на 62 места во парламентот на Република Македонија“, рече Груевски.
Уверен сум дека и во вакви услови на систематски притисок и на систематски закани и уцени од досегашната структура на власт, можеме да дојдеме до победа на 27 април.Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија.