ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов победија на денешното гласање со водство од над 100 илјади гласови. Од обработени 79 проценти од податоците, Иванов има добиено 381 илјади гласови, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 273 илјади гласови, рече на вечерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев.
„Со масовно гласање денеска во фер и демократска атмосфера граѓаните ја донесоа одлуката која сметаат дека е најдобра за државата“, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека има навистина огромна разлика меѓу двајцата кандидати Иванов и Пендаровски и оти добиените бројки и тенденции што ги имаат гарантираат, како што вели, поубедлива победа од она што го имавме како најава.
Презентирајќи ги податоците рече дека има убедлива победа во Штип, Охрид, Гази Баба, Аеродром, Велес, Свети Николе, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Сопиште, Илинден, Кичево...