Република Македонија денеска организира успешни, фер и демократски претседателски избори, оцени вечерва Влатко Сајковски, член на Државната изборна комисија.
„Согласно информациите кои пристигнаа до ДИК преку Општинските изборни комисии, изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера“, изјави Сајковски.
До околу 19 часот, според него, до ДИК немало пристигнато приговори или забелешки за изборниот процес.
Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи изјави дека гласачкиот процес во целата земја се одвива добро, а за изнесените забелешки од некои невладини организации посочува дека ќе бидат предмет на разгледување во Комисијата.
Се очекува Државната изборна комисија околу полноќ да ги соопшти првичните резултати од денешното гласање и од вчерашното гласање во изборните единици 7, 8 и 9 во дијаспората и другите лица.