Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера што беше и нашата примарна цел, независно што ние на овие избори немавме кандидат и проценката ја имаме од средствата за јавно информирање и нашите претставници во избирачките комисии, изјави вечерва портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
„Целокупната оценка е дека изборите поминаа во добра атмосфера. Ние ги мотивиравме нашите членови граѓаните да имаат можнот да одлучуваат слободно дали ќе гласаат или нема да гласаат и за кого ќе гласаат. Независно што ние немавме кандидат и не ги повикавме нашите граѓани да гласаат. Кај македонскиот блок имаше натпревар помеѓу двајца кандидати, во албанскиот блок немаше таков натпревар. Имаше референдум за една идеја за или против консензуален претседател. Ќе ги почекаме резултатите па ќе го кажеме нашиот политички став по однос на тоа која беше одлуката на граѓаните“, рече Османи.
Тој најави дека ДУИ ќе го каже својот конечен став по објавувањето на резултатите од ДИК.