Избирачкиот ден, според информациите на МВР, досега се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера.Како што информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котески, во регионалните штабови на МВР и во полициските станици нема пријавено никакви посериозни инциденти кои би го нарушиле гласачкиот процес.
Во текот на вчерашниот ден за време на молкот биле пријавени неколку нарушувања од различен карактер.
- Вчера во полициската станица Центар, граѓанин од Скопје пријавил дека на мобилниот телефон добил СМС порака напишана на албански јазик со содржина: „Недела 13.04.2014 година ти и твојата фамилија кажете НЕ на претседателските избори. Не излегувајте на избирачките места, не излегувај нема за кого да гласаш“, рече Котески.
Пријавени биле и неколку оштетувања на штабови на политички партии со минимална материјалната штета