Невладината Цивил, која има 75 акредитирани набљудувачи, на втората прес конференција информира дека е забележана агитација на партиски функционери, како и телефонски јавувања и испраќање СМС пораки до граѓаните. Претседателот на Цивил, Џабир Дерала изјави дека на едно гласачко место веќе се појавиле граѓани од непостоечката адреса од улица Михаил Чаков. Од оваа организација регистрирале и починати лица на избирачките списоци во Ѓорче Петров, Аеродром и во Капиштец. Дерала посочи и дека за општина Велес има два различни податока за вкупниот број регистрирани гласачи, и тоа од официјални извори- едниот од Државната, а другиот од Општинската изборна комисија. Разликата е околу 1000 гласачи, рече Дерала, додавајќи оти за ова ќе реагираат до надлежните институции.
На прес конференцијата присуствуваше и Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за Македонија Уранија Пировска, која даде правни толкувања за неколку спорни прашања од текот на гласањето. Таа посебно се осврна на појавата дека т.н. трајно мастило многу лесно може да се извади и со обично влажно марамче, како и на забелешките дека полицијата се однесувала несоодветно на својата должност.