Во Авганистан, Министерството за одбрана соопшти дека армијата има капацитет и е подготвена за гарантирање на безбедноста за време на претседателските избори, кои се закажани за в сабота, 5-ти април. Портпарол на армијата изјави дека безбедносните сили сега се многу подобро обучени и опремени во однос на претходните избори. Поголемиот дел од гласачките материјали веќе биле дистрибуирани низ регионите во земјата.