Врховниот командант на силите на НАТО во Европа, воздухопловниот генерал Филип Бридлав изјави дека Русија има 40 илјади војници на границата со Украина. Според него, тие биле подготвени за 12 часа да тргнат во акција, по добивањето таква наредба. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пак вели дека дел од руските сили ќе бидат вратени откако ќе им завршеле маневрите.
„Неверојатно загрижувачка“. Вака американскиот генерал Филип Бридлав ја оцени ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина во денешното интервју за агенцијата Ројтерс и за весникот Вол Стрит Џурнал.
Тој прецизира дека Русија би можело да ги постигне своите воени цели во Украина и регионот за три до пет дена.
Генерал Бридлав наведува дека потенцијалните цели вклучуваат навлегување во јужниот дел на Украина за да се воспостави коридор кон Крим, притисок врз пристаништето во Одеса и можно поврзување со молдавскиот проруски сецесионистички регион Трансдњестар.
„И покрај наводите на Русија дека почнала да ги повлекува своите сили, се уште немаме потврда дека позначаен број војници почнале да го напуштаат пограничното подрачје со Украина“ вели генерал Бридлав.
Претходно, и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека сериозно загрижува трупањето руски сили на украинската граница.
Тој оцени дека би било историска грешка доколку Русија преземе натамошни акции во Украина по анексијата на Крим.
„Овие руски вооружени сили се во состојба на многу висока подготвеност. Навистина тоа сериозно не загрижува. Доколку Русија и натаму интервенира во Украина, не би се двоумел да кажам дека тоа ќе биде историска грешка.“
Рече Расмусен по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел на кој беше решено НАТО да ја прекине соработката со Русија. Министрите се согласија и за зацврстување на одбраната на соседните земји на Русија.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва очекува одговори од НАТО за активностите на Алијансата во Источна Европа.
Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич пак оцени дека НАТО ја обновува реториката од Студената војна.
„Јазикот во изјавата звучи повеќе како вербален фрагмент од ерата на Студената војна. Тешко е да се замисли кој во денешниот свет ќе добие од ограничувањето на интеракцијата меѓу Русија и НАТО во борбата против таквите современи закани и меѓународни безбедносни предизвици како тероризмот, пиратството, природните и човечките катастрофи. Во секој случај, тоа дефинитивно нема да биде Русија ниту пак, членките на НАТО.“
Изјави Лукашевич. Шефот на кабинетот на рускиот претседател Сергеј Иванов пак оцени дека Русија била загрижена за можното воено засилување на членките на НАТО во своето соседство.
Пентагон соопшти дека испратил 175 американски војници во Романија во близина на Црно море и оти наскоро ќе испрати воен брод за да им ја покаже на сојузниците, како што се наведува, посветеноста на Соединетите држави за регионот.
Најавено е дека американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со лидерите на двете партии во Конгресот, Демократската и Републиканската на разговори за кризата во Украина. Тој, меѓу другото, ќе ги извести за резултатите од неговата турнеја по Европа.

Овие руски вооружени сили се во состојба на многу висока подготвеност. Навистина тоа сериозно не загрижува. Доколку Русија и натаму интервенира во Украина, не би се двоумел да кажам дека тоа ќе биде историска грешка.