Авганистан: САД повикаа на фер и транспарентно гласање

Државниот секретар на САД Џон Кери изрази надеж дека претстојните претседателски избори во Авганистан ќе претставуваат историска демократска транзиција во земјата. Авганистанците в сабота ќе гласаат за наследник на претседателот Хамид Карзаи. Кери рече дека изборите се клучен момент за Авганистан по повеќе од една деценија на жртва и борба.
Со спроведување фер и транспарентен процес, лидерите на Авганистан ќе придонесат за исход кој ќе биде широко прифатен и зајакнување на единството на земјата и нејзината демократска иднина, додаде Кери.