Најмалку 6-ца полицајци загинале во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Кабул, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Авганистан. Напаѓачот го активирал експлозивот пред влезот на Министертвото за внатрешни работи. До инцидентот доаѓа на три дена пред претседателските избори во Авганситан, кои, талибанците се обидуваат да ги попречат со предизвикување насилства.