Пилотите на Луфтханза денска започнаа три-дневен штрајк, поради што се откажани околу 4 илјади летови на оваа германска авио-компанија. Пилотите бараат зголемување на платите и враќање на специјалната програма за оние што ќе се пензионираат пред 65-тата година од животот. Се проценува дека околу половина милион патници ќе бидат погодени од штрајкот, а загубата на Луфтханза ќе изнесува околу 50 милиони евра. Германскиот министер за транспорт ги повика синдикалните лидери и раководството на Луфтханза што е можно поскоро да го надминат спорот.