Пентагон: ниту еден загинат американски војник во Авганистан во март

Пентагон соопшти дека немало загинати американски војници во Авганистан во март што се случува за прв пат од јануари 2007 година. Бројот на жртвите на САД во Авганистан се намалени откако бројот на американските сили се намали и нивната улога се префрли далеку од борбената линија. Американските сили се фокусирани на обука и советување на авганистанските сили. Пентагон вели дека има околу 33.000 американски војници во Авганистан, што е намалување од максимумот постигнат во 2011 околу 100.000. Меѓународната борбената мисија е предвидено да заврши во декември, дали таа ќе прерасне во нова мисија за обука допрва треба да се одлучи.