За чист воздух ќе почекаме уште шест месеци

Законите налагаат големите индустриски капацитети да ги комплетираат еколошките стандарди до 1 април, но Владата на Макстил и Југохром им го пролонгираше рокот за исполнување на еколошките стандарди до 31 октомври.
Граѓаните и натаму ќе дишат загаден воздух, иако законите налагаат големите индустриски капацитети да ги комплетираат еколошките стандарди до 1 април. Владата на Макстил и Југохром им го пролонгираше рокот за исполнување на еколошките стандарди до 31 октомври и му наложи на Државниот инспекторат за екологија да им изрече високи казни.
Очекував такво нешто затоа што очигледно дека има некои други интереси според мене. Ја слушнав таа информација дека инспекторат се задолжува да ги казни, а всушност им дава дополнителен период од шест месеци.
Анкетиран граѓанин.


Граѓаните сепак повикуваат на спроведување на законите и наведуваат дека народот страда поради мерките со кои им се излегува во пресрет на бизнис интересите.

„Очекував такво нешто затоа што очигледно дека има некои други интереси според мене. Ја слушнав таа информација дека инспекторат се задолжува да ги казни, а всушност им дава дополнителен период од шест месеци. Дали тоа ќе биде испочитувано, не знам, но очигледно ако им се излегува во пресрет на компаниите, тоа се
големи компании, сметам дека и тие треба да вложат во заштита на животната средина“, вели анкетиран граѓанин.
Ако успеат за шест месеци да го завршат сето ова би било во ред, меѓутоа не сум сигурен, мислам дека загадувањето ќе продолжи и нема да успеат за овие шест месеци.
Методоја Саздов, Македонски зелен центар.


Двете компании поднесоа барање за пролонгирање на рокот бидејќи имаат исполнето дваесетина точки и остануваат за исполнување уште шест точки. Екологистите не се најсреќни со пролонгирањето, но велат дека ова за нив било очекувано, со оглед на нивната улога во обезбедување на некаква социјална егзистенција.

Методоја Саздов од Македонскиот зелен центар наведува дека Јогохром нема исполнето голем дел од условите од дозволата, а очекува дека Макстил ќе загадува само уште шест месеци.

„Макситил мислам дека во наредните шест месеци ќе го инсталира тој систем, додека за Југохром Јагуновце не сум баш сигурен дека ќе ги исполни условите. Ако успеат за шест месеци да го завршат сето ова би било во ред, меѓутоа не сум сигурен, мислам дека загадувањето ќе продолжи и нема да успеат за овие шест месеци“, вели Саздов.

До неодамна за луѓето во Скопје излез од загадената средина претставуваше прошетката на Водно, меѓутоа оваа локација повеќе нема капацитет да ги издржи новите градби од кои во последно време интензивно е зафатена шумата. Од овие причини граѓаните кога ќе почувствуваат дека воздухот што го дишат им влијае на убавиот изглед заминуваат во најблиските туристички места.

„Јас имам потекло од Преспа и гледам што е можно помалку да престојувам во Скопје, бегам во Преспа, таму дишам воздух како што треба. Се забележува, има промена кај сите што доаѓаат таму, и за два дена да дојдат има промена и на изгледот и на расположението“, вели анкетиран граѓани.

Во врска со процедурата за добивање А интегрирана еколошка дозвола во однос од поголемите капацитети условите ги имаат исполнето Фени, Топлификација која се гасифицираше, Саса, Техногас, Адинг, Алкалоид, Цементарница, ОКТА и десетици други компании.