Француската екстремно десничарска партија Национален фронт победи во 11 градови на вчерашните локални избори, пишува францускиот печат. Според аналитичарите, оваа партија која ја води ќерката на основачот Марин Ле Пен стана трета политичка сила во Франција. Националниот фронт е против Европската унија и се залага за ограничување на доселувањето странци во Франција. Поради лошиот изборен резултат на владејачките социјалисти се очекува претседателот Франсоа Оланд денеска да реши што ќе преземе со владата на премиерот Жан Марк Еро. Инаку, во Париз победи кандидатот на социјалистите Ан Идалго, која ќе биде првата жена градоначалник на Париз.