Ретко кој се занимава со истражувачко новинарство

Ирена Мулачка, добитник на наградата за истражувачко новинарство Никола Младенов што ја доделува МИМ.

Новинарката Ирена Мулачка од Фокус е добитник на првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов“, што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Таа ја доби наградата за случајот Перде, за лекарски грешки на Клиниката за Офталмологија во Градската општа болница 8-ми Септември. Мулачка вели дека се ретки медимите во земјата кои истражуваат.
Колку според тебе има истражувачко новинарство во земјава?

Можам да заклучам дека, барем откако јас се занимавам со новинарство, веќе 5 години, ретки се медиумите во Македонија кои истражуваат, можат да се набројат на прсти. Сметам дека во ова време, кога постојано сме под притисок од тужби, ретко некој медиум ќе одлучи и ќе пресече да објави некоја приказна која може да доведе до тужба.
Во ова време, кога постојано сме под притисок од тужби, ретко некој медиум ќе одлучи и ќе пресече да објави некоја приказна која може да доведе до тужба.
Ирена Мулачка, новинар.


Колку се отворени институциите за прашања поврзани со некакви истражувачки стории?


Конкретно за Фокус можам да кажам дека институциите се целосно затворени. Ние секогаш се трудиме да имаме испратено преку меил, или преку СМС, порака до институциите, за да имаме доказ дека сме ги барале, но еве јас од Министерството за здравство чекам изјави секоја недела за сè што ќе испратам. Од таму дури в лице ми рекле - за Фокус нема изјава, што според мене, воопшто не е професионално. Јас морам да одам на прес ако сакам нешто да го прашам министерот, затоа што таму веќе нема избор, мора да ми одговори. Лично за Фокус,
Лично за Фокус, затворени се и институциите и партијата на власт, остануваат само луѓето кои доаѓаат кај нас и сакаат да ја кажат својата приказна.
Ирена Мулачка, новинар.
затворени се и институциите и партијата на власт, остануваат само луѓето кои доаѓаат кај нас и сакаат да ја кажат својата приказна, зошто единствено тука наоѓаат начин да си ги кажат маките, оти очигледно нема каде тоа да го направат на друго место.

Си имала ли досега некакви притисоци, закани, уцени?

Ирена Мулачка, Менче Атанасова Точи, Марина Кежаровска(сопруга на затворениот новинар Томислав Кежаровски) и Сашка Цветковска - добитници на наградата за истражувачко новинарство Никола Младенов што ја доделува Македонскиот институт за медиуми.


За оваа приказна конкретно(за случајот Перде) јас ја барав очната лекарка да се видиме, таа во првиот момент ме игнорираше, после тоа имаше реакција до уредништвото, значи мене ме игнорираше и комуницираше со уредничката Јадранка Костова, па јас повторно ја барав, имавме средба на која средба таа ги направи сите дека работат против неа, дека се е наместено, дека сета приказна нема врска, а од другата страна имате група на луѓе, 50 пациенти, од кои повеќе од 15 дојдоа во Фокус и дадоа изјави и тој број се уште расте. Првично од лекарката ни дојде писмо во кое таа бараше извинување и лично до мене и од Фокус, ние како редакција одлучивме дека нема да се извиниме затоа што имаме доволно докази и да излеземе на суд, а веќе има и 4-5 пациенти кои ја тужат лекарката. Таа се потруди на некој начин да ја закочи приказната, да не продолжиме, меѓутоа ние одлучивме сосема друго.

Ја спомена твојата сторија, за која доби награда. Колку истражувачките стории имаат некоја завршница, импакт во општеството?

До сега ретко некоја приказна да има завршница, затоа што ако зависи од институциите тие не реагираат. Нне знам која е причината зошто очната лекарка е заштитена. Под притисок министерот формираше комисија која работи едно шест месеци, и на секое мое јавувања добивам одговор дека комисијата во наредните 10 дена ќе го предадеме извештајот во Министерството за здравство и тоа трае веќе 3 месеци и извештајот уште не е предаден, потоа Министерството треба да го разгледува, а во меѓувреме лекарката продолжува да работи и нормално и доаѓаат пациенти, кој ја знае, кој не ја знае. Таа тврди дека поради нас и се намалил обемот на работа, меѓутоа за нешто што се случува и што е страшно, мислам дека институциите треба да реагираат без да гледаат кој е, на кого е и дали некој го штити или не.