Зоран Поповски е роден во Скопје на 08.09.1962 год. Основно образование
завршил во ОУ „Братство“, а со средно образование се стекнал во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје и се стекнал со звањето дипломиран професор по биологија.
Магистерско звање по биохемија добива на истиот факултет, а во 2002 година
докторира на примена на современи ДНК методи во анималната биотехнологија
на ФЗНХ. Неговиот научен интерес е во областите на биохемија, молекуларна биологија и генетско инженерство каде што објавил над 100 научни и стручни публикации. Покрај на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде што е вработен од 1992 година, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,
професор Поповски предава и на Технолошко-металуршкиот и на Фармацевтскиот факултет. Во моментот е раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство. Во меѓувреме ја основа и Лабораторијата за протеинска и ДНК технологија на Технолошко-металуршкиот факултет, повторно преку обезбедување средства од меѓународни донации и проекти.
Во текот на професионалната кариера престојувал и работел како визити
нг професор на универзитетите кои се рангирани помеѓу првите 50 универзитети во светот и тоа.
Својот општествен ангажман го започнува уште од училишните денови како активист во средношколската организација, потоа како претседател на сојузот на студенти на ПМФ и како член на претседателството на универзитетската конференција на студентите од УКИМ.
Од 1988 до 1990 година е член на претседателството на Репубичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија водејќи ги професионално секторите за образование, наука и екологија. Во тој период бил член на Советот за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија како и член на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2002 година е именуван за Државен секретар во Министерството за образование и наука и на таа функција останува до 2006 година.