Подгответе се за руско-германска Европа

Двете големи светски сили, Русија и Германија, ќе бидат тие кои најверојатно ќе решаваат за судбината на Украина, но и на регионот. Ова се наведува во анализата на Форин аферс во врска со украинската криза и можните нејзини последици за Европа.
Последните неколку недели открија некои важни вистини за Европа. Пред кризата во Украина, повеќето Американци и западноевропјани беа навикнати на француско-германска Европа.

Во оваа верзија на Европа, која беше дизајнирана по Втората светска војна за да го потисне едно од најголемите ривалства во историјата, Франција и Германија донесуваа одлуки и европскиот гравитациски центар беше на Запад.

Но, овие денови, како што се наведува во анализата на Форин аферс, вистинската акција се одвива многу поисточно.

Украина која сака да се отргне од советското минато, ги презеде првите чекори да стане една од најголемите и најнаселени членки на Европската унија, додека Русија го направи нејзиниот чекор за да го спречи тоа.

Како што Европската унија ќе се придвижува кон Исток, токму Германија и Русија ќе решаваат кој ќе биде надвор или во границите на Европската унија и под какви услови.
Во оваа нова Европа, француско-германскиот мотор е заменет со руско-германски.

Како што Европската унија ќе се придвижува кон Исток, токму Германија и Русија ќе решаваат кој ќе биде надвор или во границите на Унијата и под какви услови.

Во голема мера битката за Украина стана битка за ликот што оваа руско-германска Европа ќе го добие.

Русија веќе ја докажа нејзината волја да ги анексира териториите што ги сака во градењето евроазиски блок како баланс на Европската унија. Украина е суштински дел на тој план, а Крим е крајната граница.

Русија најверојатно ќе го чува она што го освои сега, како што го стори и во другите регионални конфликти, и ќе продолжи да ја користи позицијата во Крим за да ја дестабилизира Украина.

Тоа ќе и помогне на Русија во обидите да повлече остра линија меѓу нејзините вредности, култура, политика и економија со оние западните.

Германија како клучна држава во Европската унија и нејзините длабоки врски со Русија пак, е единствена земја која би можело да ги спречи или да ги задржи големите руски геополитички амбиции.

Стана јасно за време на европското договарње за можните санкции врз Русија за инвазијата врз Крим дека Германија е таа која ќе ја носи конечната одлука колку да се притисне Русија.

Германија ја држи линијата меѓу пребрз скок кон санкции и канализирано западно лутење кое ќе води до тоа Русите и новата украинска влада да почнат преговори за иднината на Крим, со меѓународно посредство.

Денес Русија е 11 по големина германски извозен пазар. Русија и продава на Германија гас и нафта, додека Германија и продава на Русија скапи автомобили, машини и готови производи.

Трговско ембарго или конфискување имоти ќе ја погоди Германија повеќе од која и да е друга европска земја. Секако, и на Русија и треба Западот како потрошувач на нејзиниот гас.

Економската изолација ќе ги погоди и двете страни. И токму затоа Русија, иако промаршира на Крим, веројатно не ја доби војната.

Германија по се изгледа е порешена од кога и да е досега да ја земе Украина под свое економско крило. Руските и германските лидери го сфатија уделот на нивната конкуренција во регулирањето на европската политика и економија.

Иако битката за Крим би можело да се најде во ќорсокак, двете сили веќе работат на новата визија на Европа. Со таа Руско германска Европа ние ќе живееме, за подобро или за полошо, се заклучува во анализата на Форин афеарс.