Додека проруските лидери на Крим се обидуваат да го отргнат полуостровот од Украина, лидерите на кримските Татари побараа од Турција, каде што живее голема нивна дијаспора, поддршка. Меѓутоа, секој посериозен потег за санкционирање на Москва би можело многу да ја чини Анкара.
Предците на Серкан Сава го напуштиле Крим во масовниот егзодус пред сто и педесет години по Кримската војна меѓу Отоманската империја и Русија.
Еден век потоа овој 35 годишен ИТ консултант слушнал од неговиот дедо за депортацијата спроведена во 1944 година од советскиот диктатор Сталин на стотици илјади кримски татари во Централна Азија, процес во кој загинале над 100 илјади луѓе.
Изминатиот викенд Сава заедно со стотици други, главно кримски Татари, протестираа пред Рускиот конзулат во Истанбул барајќи од Турција да го употреби нејзиното влијание со цел Крим да остане во Украина.
Кримските Татари страхуваат дека по референдумот на 16 март за присоединување на Крим кон Русија ќе доведе до нови страдања за нив. Но, секоја турска реакција би можела да значи и тензии во односите со Москва.
„Русија е единствениот сосед од кој Турција навистина се плаши како од историски така и од современи причини“, вели Сонер Кагаптај, автор на книгата „Подемот на Турција, Прва муслиманска сила на 21 век“ и директор на програмата за Турција во Вашингтонскиот институт, додавајќи:
„Историски постои длабоко вкоренето страхување кај повеќето Турци да не се разбудува руската мечка“, вели тој.
Кримските Татари, етнички Турци кои неколку милиони живеат во Турција можеби сега би му одговарале на улогата што премиерот Реџеп Таип Ердоган си ја додели.
Ердоган, кој е лидер на исламистичката Партија на правдата и развојот голем дел од политичкиот капитал го потроши претставувајќи се како заштитник на турското малцинство во соседните земји, а пред извесно време вети дека нема да ги остави кримските Татари на цедило. Но, тоа не би било случај и со Москва, смета Кагаптај:
„Ако погледнете во ердогановиот непостојан политички стил, тој им вика на сите шефови на влади со кои се договора, со исклучок на претседателите на Русија и на Иран. Не затоа што ги сака, туку затоа што Турција скоро три четвртини од гасот ги добива од овие две земји“, вели тој.
Според Кагаптај, и историјата е голем фактор, додавајќи дека во 400 години од Отоманската историја таа водела најмалку 17 војни со Русија и сите ги загубила.
Сепак, според Челал Ичтен, претседател на Турската асоцијација на кримските Татари, главна пречка за поголемата вмешаност на Анкара во решавањето на кризата во Украина е турската политичка сцена.
Ердоган со месеци се соочува со голем корупциски скандал кој може негативно да влијае врз неговата политичка кариера со оглед на локалните избори кон крајот на месецов.
„Сегашната турска политичка клима е тензична и затоа поддршката од премиерот Ердоган и од претседателот Ѓул за кримските Татари се губи меѓу другите работи во Турција. Сепак, тие не поддржуваат и за тоа ќе соработуваат со западните сили“, вели Ичтен.
Со него се согласува и Кагаптај, но со забелешка дека Анкара сепак нема да преземе водечка улога се додека не дојде до евентулани сериозни насилства во кои ќе страдаат и кримските Татари.
Историски постои длабоко вкоренето страхување кај повеќето Турци да не се разбудува руската мечка.Сонер Кагаптај, директор на програмата за Турција во Вашингтонскиот институт.
Еден век потоа овој 35 годишен ИТ консултант слушнал од неговиот дедо за депортацијата спроведена во 1944 година од советскиот диктатор Сталин на стотици илјади кримски татари во Централна Азија, процес во кој загинале над 100 илјади луѓе.
Изминатиот викенд Сава заедно со стотици други, главно кримски Татари, протестираа пред Рускиот конзулат во Истанбул барајќи од Турција да го употреби нејзиното влијание со цел Крим да остане во Украина.
Сегашната турска политичка клима е тензична и затоа поддршката од премиерот Ердоган и од претседателот Ѓул за кримските Татари се губи меѓу другите работи во Турција.Челал Ичтен, претседател на Турската асоцијација на кримските Татари.