Москва го предупреди Вашингтон поради санкциите за Крим

Проруски активист со руско знаме вози велосипед во Севастопол, град во Украина

Русија предупреди дека какви било американски санкции наметнати на Москва во текот на кризата во Украина ќе им се вратат како бумеранг на Соединетите Држави.
Русија предупреди дека какви било американски санкции наметнати на Москва во текот на кризата во Украина ќе им се вратат како бумеранг на Соединетите Држави. Во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров предупредил дека „избрзани и непромислени чекори“ можат да им наштетат на руско-американските односи.
Тие нападнаа од двете страни. Но, територијата на воената база е голема. Еден камион дојде од страна на контролниот пункт и уште еден дојде од страна на портата. Групи на луѓе, од околу 35 до 60 луѓе, нападнаа со кршење на портите, а исто така влегуваа и преку оградата.
Виталиј Онишенко, командант на воената база во Севастопол.

Неговите коментари дојдоа откако Газпром се закани дека ќе ги намали испораките на гас за Украина ако Киев наскоро не ја плати својата сметка за гас. Шефот на Газпром, Алексеј Милер, изјави дека Украина сега и должи на компанијата над 1,8 милијарди долари.

Во меѓувреме, тензиите продолжуваат да растат на Крим, каде проруската полиција ја зацврстува својата контрола. Вчера вечер постоела опасност за судири меѓу проруската милиција и украинската војска во украинскиот ракетен одбранбен објект во Севастопол. Нема пријави за насилство, а полицијата која наводно броела дваесеттина луѓе подоцна ја напуштила базата. Командантот на базата Виталиј Онишенко го опишува нападот:

„Тие нападнаа од двете страни. Но, територијата на воената база е голема. Еден камион дојде од страна на контролниот пункт и уште еден дојде од страна на портата. Групи на луѓе, од околу 35 до 60 луѓе, нападнаа со кршење на портите, а исто така влегуваа и преку оградата. Тие не предупредија дека би можеле да користат огнено оружје. Ние ги запревме со некои специјални средства, но сепак тие ја презедоа контролата на зградата“, рече тој.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама повторно телефонски разговараше за украинската криза со германската канцеларка Ангела Меркел доцна синоќа. Белата куќа соопшти дека двајцата се согласиле за потребата од Русија да ги повлече силите од Крим.

Денеска Кина повика на смиреност и воздржаност за украинската криза, велејќи дека ова прашање треба да се реши преку преговори и политички средства. Министерот за надворешни работи Ванг Ји ги повика сите партии да ги почитуваат основните интереси на сите етнички заедници во Украина и интересите на регионалниот мир и стабилност.

Претходно, проруската милиција го спречи набљудувачкиот тим од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да влезе во Крим, што е втор таков инцидент во овие неколку дена.

Инаку, Крим планира да одржи референдум на 16 март за тоа дали да се отцепи од Украина и да се приклучи кон Русија.

Кримскиот парламентот веќе го одобри овој потег, кој пак го осудија Киев, Брисел и Вашингтон, прогласувајќи го за нелегитимен поради кршењето на Уставот на Украина.