Европскиот центар за правата на Ромите докуметирал 74 случаи на Роми на кои не им бил дозволен излез од земјата во периодот од 2011 до 2013 година, како и 24 случаи на кои им бил одземен пасош.
Иницијатива пред Уставениот суд поднел Европскиот центар за правата на Ромите поради измените во Законот за патни исправи. Според нив, основите за одзимање на пасошите, како и опструкциите на правото да се напушти земјата се спротивни на Уставот, како и на меѓународните регулативи за заштита на човековите права.
Тефик Махмут вели дека Центарот докуметирал 74 случаи на Роми на кои не им бил дозволен излез од земјата во периодот од 2011 до 2013 година, како и 24 случаи на кои им бил одземен пасошот.
„Во 60 отсто од документираните случаи, односно од Ромите кои биле вратени од границите, од страна на граничните службеници им било кажано дека се вратени само затоа што така им било кажано. Граничните службеници дејствуваат врз основа на граничната припадност, а не врз основа на правила и прописи во рамки на нивните надлежности. Деведесет отсто од документираните случаи укажуваат на фактот дека само Ромите биле симнувани од автобуси и им било барано да ја докажат целта на нивното патување и да ја докажат, односно оправдаат својата дестинација“, вели Махмут.
Извршниот директор на Центарот Дезидериу Гергели вели дека поради притисокот однадвор властите го менуваат законот и притоа не ги земаат во предвид човековите права и околностите на индивидуата.
„Доколку преземате мерки против одредено лице, тие мерки треба да бидат во пропорција со околностите на индивидуата. Кога ја ограничувате слободата на движење на некого мора да ги земете во предвид неговите околности. Нашето видување за македонскиот закон е дека тоа не се почитува, особено во однос на документите за патување.“
Синан Ѓукчен вели дека владата треба да преземе поинакви мерки.
„Владите треба да создаваат политики кои ги решаваат проблемите, а не да ги ставаат под тепих. Со тоа што на Ромите им се оневозможува патувањето во друга земја не се решава проблемот, туку само се одложува.“
Според податоците на центарот од 2009 година до ноември 2012 година на околу 7.000 македонски државјани, главно Роми не им било дозволено да ја напуштат земјата. Граѓаните на Македонија може слободно да патуваат во земјите од ЕУ. Но, поради лажните баратели на азил властите преземаа низа мерки за да не се загрози визната либерализација.
Деведесет отсто од документираните случаи укажуваат на фактот дека само Ромите биле симнувани од автобуси и им било барано да ја докажат целта на нивното патување.Тефик Махмут, Европски центар за правата на Ромите.
Тефик Махмут вели дека Центарот докуметирал 74 случаи на Роми на кои не им бил дозволен излез од земјата во периодот од 2011 до 2013 година, како и 24 случаи на кои им бил одземен пасошот.
„Во 60 отсто од документираните случаи, односно од Ромите кои биле вратени од границите, од страна на граничните службеници им било кажано дека се вратени само затоа што така им било кажано. Граничните службеници дејствуваат врз основа на граничната припадност, а не врз основа на правила и прописи во рамки на нивните надлежности. Деведесет отсто од документираните случаи укажуваат на фактот дека само Ромите биле симнувани од автобуси и им било барано да ја докажат целта на нивното патување и да ја докажат, односно оправдаат својата дестинација“, вели Махмут.
Владите треба да создаваат политики кои ги решаваат проблемите, а не да ги ставаат под тепих. Со тоа што на Ромите им се оневозможува патувањето во друга земја не се решава проблемот, туку само се одложува.Синан Ѓукчен.