ВИДЕО, ФОТО: Жестоки судири во Киев, има загинати

Анти владините демонстранти се судрија со полицијата во Киев при што дојде до најголеми насилствa за изминативе неколку недели. Хаос низ улиците на градот.
Најмалку 3 лица загинале во денешните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев.
Полицијата употреби гумени куршуми и и димни бомби против деминстрантите кои фрлаа камења пред зградата на парламентот.Две полициски возила при тоа биле запалени.


Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Полицијата принудена да се повлече од улиците на Киев



Демонстранти потоа го нападнаа и го завзедоа седиштето на „Партијата на Регионите“ на претседателот Виктор Јанукович.

Тие фрлаа молотови коктели и ги искршија прозорците.
Десетици демонстранти и полицајци се повредени во судирите.


Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ескалација на демонстрациите во Киев



Демонстрантите во Киев бараат реформи за намалување на овластувањата на претседателот Виктор Јанукович.

Некои полицајци паднаа во рацете на демонстрантите. Дел од демонстрантите сакаа да се пресметаат со нив, но некои се обидуваат да ги одбранат.


Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Демонстрантите во Киев заробуваат полицајци


Ова се најжестоките судири низ улиците на Киев од почетокот на анти-валдините демонстрации пред три месеци. Повод беше одлуката на државниот врв на Украина да се откаже од договорот за поблиски односи со Европската Унија. Украинскиот премиер поднесе оставка, но демонстрантите бараат оставка и од премиерот Виктор Јанукович и превремени избори.

Хаос низ улиците на Киев