Опозицијата обвинува дека јавноста е сведок на секојдневно сечење на ленти, реклами, огласи за јавни набавки, удирање на камен темелници, што е спротивно на изборниот законик. Експерите велат дека непишано правило на демократијата е дека не треба да се толкуваат законите во време на избори.
Денешното пуштање во употреба на канализациска мрежа во Прдејци и поставување на камен темелник за изградба на иста во Мрзенци, гевгелиско е дел од низата настани кои деновиве ги предводат владините функционери. Јавноста е сведок на секојдневно сечење на ленти, реклами, огласи за јавни набавки, удирање на камен темелници, најави за реализација на проекти, обвинува опозицијата.
Иако договорот за измените во изборниот законик беше постигнат во согласност на власта и опозицијата, двете страни различно го толкуваат договореното.
По распишувањето на претседателските избори, недозволиви се огласи за вработување, владините кампањи треба да запрат и треба да запрат распишувањата тендери, велат од СДСМ.
Во партиското соопштение се наведува дека:
„Согласно членот 75-д став 4 од Изборниот законик: „Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“, се вели во партиското соопштение.
Спротивно на оваа одредба од Изборниот законик, како прилог на саботното издание на весникот „Дневник“, беше ставен Отчетот за град Скопје. Тоа значи дека се трошат пари од Буџетот на градот Скопје за финансирање на рекламни материјали, кои се објавени во печатен медиум“, наведува СДСМ.
Тие бараат Антикорупциската комисија, согласно своите законски надлежности да испита дали интензивираните активности на министрите, премиерот и власта на теренот се предвидени во програмата на владата, за кога била предвидена нивната реализација и дали во овој период за овие намени има потрошено буџетски средства.
Заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски неодамна изјави дека во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања и за време на изборна кампања не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба на патишта или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавните фондови. Појасни дека може да се отпочне со градба, да се стави камен темелник, но тоа да не биде презентирано како јавен настан.
Под забрана за одржување на јавни настани, пак, не се подразбира давање јавна изјава од страна на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиуми, дебата на медиуми или одговор на новинарско прашање.
И додека за Бошковски не се јасни причините поради кои што доаѓа до различно толкување од некои политички партии или од страна на некои медиуми дека јавните настани по повод отпочнувањето со градба и отпочнувањето со работа на некои објекти е спротивно на донесениот Изборен законик, експертите велат дека демократијата и демократската атмосфера ја создаваат непишаните правила, а таа според професор Здравко Савевски е клучна за да функционирање и на пишаните правила.
„ Непишано правило на демократијата е дека не треба да се толкуваат законите во време на избори или нешто пред тоа во насока во која ќе се даде предност на сопствената политичка опција, т.е. да се користат инструментите на власта за себепромоција“, вели Савески.
Оттука однесувањето на владините функционери во овој период не се ништо друго освен континуиран маркетинг, односно користење на владините активности за себепромоција, заклучува Савески.
Согласно членот 75-д став 4 од Изборниот законик: “Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.Соопштение на СДСМ.
По распишувањето на претседателските избори, недозволиви се огласи за вработување, владините кампањи треба да запрат и треба да запрат распишувањата тендери, велат од СДСМ.
Во партиското соопштение се наведува дека:
„Согласно членот 75-д став 4 од Изборниот законик: „Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“, се вели во партиското соопштение.
Непишано правило на демократијата е дека не треба да се толкуваат законите во време на избори или нешто пред тоа во насока во која ќе се даде предност на сопствената политичка опција, т.е. да се користат инструментите на власта за себепромоција.Здравко Савески, универзитетски професор.