Власта се амбицира дека ќе заврши голем дел од обврските за три години до крајот на 2014 година. Клучните прашања се закопани во техникалии, забележува опозицијата.
Власта годинава планира реализација на голем дел од планираните активности за услогласување на македонското со европското законодавство за периодот од 2014 до 2016 година. Опозицијата се согласува со констатацијата на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими дека станува збор за релативно амбициозна цел, но опозиционерите и дополнително посочуваат дека многу од ланските цели останале на хартија.
Вицепремиерот Бесими смета дека во следниот период ќе мора да се продолжи со зајакнување на административните капацитети со цел стопроцентно да се реализира се што е предвидено за период од три години.
„Цениме дека во следниов период ќе треба да продолжиме со зајакнување на административните капацитети, особено во насока на средорочното планирање иако оваа година ако погледнете во извештајот, имаме една речиси балансирана распределба на три месеци, поточно годишна распределба на сите активности. Во првиот квартал предвидуваме реализирање на 23 проценти од предвидените активности, по што 15 отсто од активностите ќе се реализираат во второто тромесечие за до крајот да стигнеме до сто проценти.“
Главниот хендикеп на националната
програма за усогласување на домашното законодавство со европското е екстензивноста за технички важни работи и молкот за политички суштинските теми, вели Радмила Шеќеринска од опозициската СДСМ.
„Колку и да се трудев, во националната програма не можев да најдам политики и инструменти со коишто ќе се „таргетираат“ трите крупни критики и од извештајот на Европската комисија и сега од Европскиот парламент. Тоа се: селективната правда, плуралните, односно отсуството на плурални медиуми и делењето на државата и партијата. Во многу текст, овие три крупни работи ни пропаѓаат во техникалии. Јас мислам дека тоа ни е сериозен проблем“, изјави Шеќеринска.
Силвана Бонева од владеачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека покрај сите предизвици, Македонија продолжува да чекори по патот кон Европската унија, кој е попречен од билатералниот спор со името со соседна Грција.
„Најмалку нешто што и треба на Македонија е провокација од типот на правење на политички и меѓуетнички тензии во земјата. Тоа е нешто што е неисплатливо за ниедна политичка партија, за никој во оваа земја. Тоа е нешто што е неприфатливо за граѓаните на Република Македонија и за сите нас политичарите, бидејки ние треба да ја водиме земјата во мир.“
Пред месец дена се тврдеше дека треба да има предвремени избори бидејки годинава немало да има прогрес во европската интеграција, забележува Гордан Геооргиев од СДСМ и прашува: Каков прогрес очекувате?
„Главниот проблем е дискрепанцата помеѓу овој баш технички документ и јасно изразената неволност од страна на политичките претставници на власта. Има една голема разлика помеѓу овие листи за штиклирање кои ги правите на едно 300 страни и де-факто деградацијата на Република Македонија во поглед на евроинтеграциите. Не треба многу да ви кажувам на оваа тема.“
Се согласувам дека постои потреба од пореално планирање и поголема посветеност на реформите, но мора да се забележи дека лани имаше и предизвици, вели вицепремиерот Бесими:
„Мартовскиот договор - тоа беше денот кога зависеше дали Македонија ќе има препорака за датум или не. Ова го споменувам како еден датум за „реферирање“ на предизвиците во 2013 година во однос на внатрешната политика, која што влијаеше директно врз процесот на евроинтеграции. Се радувам што на крајот со сите тие предизвици се успеа да се постигне консензус.“
Инаку, Програмата за усвојување на правото на ЕУ ги опфаќа сите клучни сегменти, политичките и економските критериуми, изборните реформи, слободата на изразување на медиумите, антикорупциската политика, процесот на децентрализација, добрососедските односи.
Во првиот квартал предвидуваме реализирање на 23 проценти од предвидените активности, по што 15 отсто од активностите ќе се реализираат во второто тромесечие за до крајот да стигнеме до сто проценти.Фатмир Бесими, вицепремиер за еворинтеграции.
Вицепремиерот Бесими смета дека во следниот период ќе мора да се продолжи со зајакнување на административните капацитети со цел стопроцентно да се реализира се што е предвидено за период од три години.
Главниот хендикеп на националната
Колку и да се трудев, во националната програма не можев да најдам политики и инструменти со коишто ќе се таргетираат трите крупни критики и од извештајот на Европската комисијаРадмила Шекеринска, СДСМ.