Во извештајот на Репорери без граници објавен денеска, Македонија е последна во регионот и во групата каде што состојбата со слободата на иформирање е оценета како тешка. Во таа група од Балканот се уште Црна Гора и Турција.
Организацијата Репортери без граници со седиште во Париз, секоја година објавува Индекс за нивото на слободата на информирање во 180 земји во светот.
Тој го одразува степенот на слобода што новинарите, новинските организации и мрежи ја имаат во секоја земја одделно, како и напорите направени од властите да ја почитуваат и унапредуваат таа слобода.
Македонија забележа пад од шест места од ланскиот извештај и се најде на 123 место. Иако Македонија се справува со реформи дизајнирани за членство во Европската унија, демократскиот излог во изминативе неколку години не е доволен да ги скрие многуте нарушувања во слободата на информирањето.
Во извештајот се наведува дека новинарот Томислав Кежаровски станал симбол на таквите нарушувања. По притворот и пресудата од четири ипол години затвор за објавување име на заштитен сведок, по меѓународен притисок тој е во домашен притвор.
Репортери без граници го спомнуваат и случајот со Зоран Божиновски кој е уапсен во Србија по потерница за шпионажа во Македонија. Познат како „македонски Џулијан Асанж“, Божиновски, како што се оценува во извештајот, направил многу во известувањето околу Сашо Мијалков, шеф на македонското разузнавање и роднина на премиерот Никола Груевски.
Пред Македонија се сите други земји од регионот. Истата оценка, односно дека ситуацијата со слободата на иформирање е тешка ја доби и Црна Гора, но таа е на 114 место.
Во Црна Гора, како што се наведува, продолжува да загрижува безбедноста на новинарите, бидејќи имало напади врз нив чии извршители никогаш не биле откриени.
Како и во Македонија, и во Црна Гора заканите по независните новинари не биле само физички, туку имало обиди и за нивно замолчување.
Нивните лидери, како што се наведува во Извештајот, го научиле јазикот на институциите на Европската унија и покажуваат дека се стремат да бидат подемократски за да искористат од меѓународната заедница која е позагрижена за регионалната стабилност отколку за актуелниот напредок на граѓанските слободи.
Подобра ситуација, односно со забележителни проблеми, имаат Србија која е на 54 место, Хрватска на 65, Босна и Херцеговина на 66 и Косово на 80 место.
Бугарија е во истата група и таа е најниско рангирана земја од Европската унија на стотата позиција, а пред неа е Грција.
Голем прогрес за една година има постигнато Албанија која го потобри рејтингот за 18 позиции од лани и сега се најде на 85 место.
Репортери без граници во најновиот извештај оценуваат дека ситуацијата со слободата на информирање со секоја година станува се помрачна во земјите од поранешниот Советски сојуз. Тоа особено се однесува на Русија која е на 148 место.
„Две илјади и тринаесета беше одбележана со каскада на репресивни закони во Русија кои го стеснија обемот на слободата на иформирање. Например традиционални вредности се искористени за оправдување на нови рестрикции, вклучувајќи криминалзација на хомосексуална пропаганда и забрана на богохулство. Новинари се затворани за нивната работа“, вели Јохан Бир шеф на Одделот на Репортери без граници за Источна Европа и Централна Азија.
Според него, слични такви политики имало и во Белорусија, Украина, Азербејџан, додека во Казахстан слободата на иформирање доживеала, како што вели, слободен пад.
„Казахстан ги затвори сите опозициски медиуми на национално ниво уште во 2012 година. Оттогаш тие се обидуваат да егзистираат на локално ниво, но тоа секогаш е казнувано, најчесто поради некои административни прекршоци“, невадува Бир.
Најсериозна ситуацијата со слободата на иформирање е во Еритреја, која е на 180 место, пред северна Кореа, Туркменистан, Сирија, Кина. Најдобра ситуација и годинава е во Финска, Холандија и Норвешка.Соединетите држави се најдоа на 46 место, но бележат и пад од 18 места од претходниот Индекс на Репортери без граници.
Македонија забележа пад од шест места од ланскиот извештај и се најде на 123 место.

Иако Македонија се справува со реформи дизајнирани за членство во Европската унија, демократскиот излог во изминативе неколку години не е доволен да ги скрие многуте нарушувања во слободата на информирањето.