Од наредниот месец зголемување на пензиите за 600 денари

Пензионерите во март годинава ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари. Средствата за оваа намена биле обезбедени во Буџетот.
Ова е договорено на денешната средба на министрите за финансии и за труд и социјална политика со претставници од Сојузот на здруженија на пензионери.
Според министерот Ставревски, ликвидноста на Буџетот е добра и затоа ќе продолжи редовната исплата на пензиите, зголемувањето на социјалните надоместоци и сите обврски кои произлегуваат.