Владата е продукт на парламентарните избори, а претседателските избори се сосема друго прашање, велат од ДУИ.
Функционирањето на Владата не го ставаме во контекст на претседателските избори, одговараат од Демократската Унија за интеграција на прашањето дали евентуален бојкот на изборите би влијаел на нивното останување во владината коалиција.
„Владата е продукт на парламентарните избори и волјата на гласачите на парламентарни избори, а претседателските избори се сосема друго прашање. Не би сакале одредени невладини организации да се обидуваат да се самопромовираат за вакви прашања кои се осетливи. ДУИ ги има земено предвид сите варијанти и сите можности и ќе одлучи во најдобар интерес за граѓаните и државата“, изјави Бујар Османи од ДУИ повторувајќи
го уште еднаш ставот дека доколку не се постигне договор за консензуален претседател сите опции се во игра.
Од Социјалдемократскиот Сојуз велат дека веќе се подготвуваат за изборите и дека како сериозна партија ќе учествуваат на изборите и доколку дојде до евентуален бојкот од страна на албанскиот фактор во земјата.
„Од тој аспект гледано сметаме дека сите сериозни политички субјекти треба да партиципираат не тие избори“, изјави Петре Шилегов од СДСМ.
И со бојкот и без бојкот претседателот на земјата ќе биде избран, вели професорот Горан Илиќ, според кој целата приказна околу можен бојкот на изборите е директно компромитирање и атак врз Уставот на Република
Македонија. Исто така евентуалниот бојкот би можел да ги разниша односите во владината коалиција, додава Илиќ.
„Може да има извесен потрес на владејачката коалиција конкретно, може да има разидувања помеѓу албанскиот и македонскиот политичко-партиски блок и на ниво на Собрание и на ниво на Влада, но
сметам дека тоа не може да ескалира до степен на политичка криза.“
Професор Алајдин Демири, пак, вели дека би го продлабочил јазот и би ги влошил односите меѓу Македонците и Албанците во државата. Во суштина бојкотот содржи потреба на Албанците целосно да се вклучат во политичкиот и економскиот живот во Македонија, а Македонците тоа го доживуваат како атак на државата и државното, вели Демири.
„Единствен можен конфликт е меѓуетничкиот, тој што го имавме во 2001, затоа што тенденциите, односно процесите не се развиваат, не се унапредува положбата на жртвите за да се чувствуваат како граѓани на Македонија.“
Премиерот Никола Груевски веќе изјави дека би било голема грешка ако албанските партии решат да ги бојкотираат претстојните претседателски избори. Граѓанското движење Разбуди се, ги повика албанските граѓани и партии во земјава да не излезат да гласаат за избор на претседател на Македонија. Тие сметаат дека е најдобро претседател на земјава да се избира во парламентот со двојно мнозинство.
Владата е продукт на парламентарните избори, а претседателските избори се сосема друго прашање.Бујар Османи, ДУИ.
„Владата е продукт на парламентарните избори и волјата на гласачите на парламентарни избори, а претседателските избори се сосема друго прашање. Не би сакале одредени невладини организации да се обидуваат да се самопромовираат за вакви прашања кои се осетливи. ДУИ ги има земено предвид сите варијанти и сите можности и ќе одлучи во најдобар интерес за граѓаните и државата“, изјави Бујар Османи од ДУИ повторувајќи
Од Социјалдемократскиот Сојуз велат дека веќе се подготвуваат за изборите и дека како сериозна партија ќе учествуваат на изборите и доколку дојде до евентуален бојкот од страна на албанскиот фактор во земјата.
Сметаме дека сите сериозни политички субјекти треба да партиципираат не тие избори.Петре Шилегов, СДСМ.
„Од тој аспект гледано сметаме дека сите сериозни политички субјекти треба да партиципираат не тие избори“, изјави Петре Шилегов од СДСМ.
И со бојкот и без бојкот претседателот на земјата ќе биде избран, вели професорот Горан Илиќ, според кој целата приказна околу можен бојкот на изборите е директно компромитирање и атак врз Уставот на Република
„Може да има извесен потрес на владејачката коалиција конкретно, може да има разидувања помеѓу албанскиот и македонскиот политичко-партиски блок и на ниво на Собрание и на ниво на Влада, но
Може да има разидувања помеѓу албанскиот и македонскиот политичко-партиски блок, но сметам дека тоа не може да ескалира до степен на политичка криза.Горан Илиќ, универзитетски професор.