Предлогот што го даде Европската комисија спорот за името паралелно да се решава за време на преговорите со ЕУ, не беше прифатен од Европскиот совет. Затоа не сме во ситуација кога можеме да го започнеме преговарачкиот процес, сè додека двете страни го имаат спорот со името, вели Кристијан Даниелсон, генерален директор на Директоратот за проширување во Европската комисија.
Спорот за името е нешто што ги засега соседите, односно е поврзано со добрососедските односи и Европската комисија нема удел во преговорите, порача генералниот директор на директоратот за проширување на ЕУ, Кристијан Даниелсон за време на предавањето на Правниот факултет Јустинијан први во Скопје.
„Ние ги поттикнуваме двете страни да најдат начин да одат напред и ги поздравуваме сите напори кои се направени во тој правец. Јасно е дека предлогот што го даде Европската комисија спорот за името паралелно да се решава за време на преговорите со ЕУ, како што го презентиравме во октомврискиот пакет не беше прифатен од Европскиот совет. Токму затоа, политиката на ЕУ е дека не сме во ситуација кога можеме да го започнеме преговарачкиот процес, сè додека двете страни го имаат спорот со името“, вели Даниелсон.
Даниелсон притоа ситака дека е потребно што побрзо да се најде решение за проблемот.
„Ние сакаме да појасниме дека во рамки на процесот на проширување би сакале што побрзо да се најде решение и на никого не му е во интерес проблемот да се одолговлекува. Тоа се однесува на сите прашања кои се клучни за земјата, кои се однесуваат на добрососедските односи со Бугарија и Грција“, рече тој.
Пристапниот дијалог на високо ниво не може да ги замени преговорите за влез во ЕУ. Според Даниелсон, се работи за два различни процеси.
„Пристапниот дијалог е важен за ситуацијата во која се наоѓа земјата денес, бидејќи фокусот се става на важните прашања во евроинтегративниот процес. Минатиот пат дијалогот беше фокусиран на владеење на правото и на настаните од 24 декември што беше од голема помош за да се види начинот на кој Европската комисија гледа на работите, а и даде можност на владата да увиди како да се постави. Јасно е дека е постигнат напредок, но сè уште не се решени сите прашања кои произлегоа од настаните на 24 декември“, рече Даниелсон.
Според него, останува да се работи на реформите во судството, медиумите, слободата на говор, како и јавната администрација и корупцијата и борбата против организираниот криминал.
Предлогот што го даде ЕК спорот за името паралелно да се решава за време на преговорите со ЕУ, како што го презентиравме во октомврискиот пакет не беше прифатен од Европскиот совет.Кристијан Даниелсон, генерален директор на директоратот за проширување на ЕУ.
Даниелсон притоа ситака дека е потребно што побрзо да се најде решение за проблемот.
Пристапниот дијалог е важен за ситуацијата во која се наоѓа земјата денес, бидејќи фокусот се става на важните прашања во евроинтегративниот процес.Кристијан Даниелсон, генерален директор на директоратот за проширување на ЕУ.
„Ние сакаме да појасниме дека во рамки на процесот на проширување би сакале што побрзо да се најде решение и на никого не му е во интерес проблемот да се одолговлекува. Тоа се однесува на сите прашања кои се клучни за земјата, кои се однесуваат на добрососедските односи со Бугарија и Грција“, рече тој.
Пристапниот дијалог на високо ниво не може да ги замени преговорите за влез во ЕУ. Според Даниелсон, се работи за два различни процеси.
„Пристапниот дијалог е важен за ситуацијата во која се наоѓа земјата денес, бидејќи фокусот се става на важните прашања во евроинтегративниот процес. Минатиот пат дијалогот беше фокусиран на владеење на правото и на настаните од 24 декември што беше од голема помош за да се види начинот на кој Европската комисија гледа на работите, а и даде можност на владата да увиди како да се постави. Јасно е дека е постигнат напредок, но сè уште не се решени сите прашања кои произлегоа од настаните на 24 декември“, рече Даниелсон.
Според него, останува да се работи на реформите во судството, медиумите, слободата на говор, како и јавната администрација и корупцијата и борбата против организираниот криминал.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5