Владите во светот треба да превземат мерки за запирање на трендот на прекумерна тежина на луѓето, пред се во врска со брзата храна, како хамбургерите, чипсовите и слатките пијалоци. Во денеска објавената студија на Светската здравствена организација се наведува дека доколку не бидат превземени мерки, прекумерната тежина на луѓето ќе предизвика долгорочни последици врз здравјето, како дијабетис, срцеви заболувања и рак. Студијата покажала дека брзата храна помалку се јаде во земји со построга регулација на пазарот, како на пример во Италија, Холандија, Грција и Белгија.