Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Париз на протести против нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови. Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“. Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите. Организаторите, пак, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем.