Судењето за случајот Шпион во најголем дел ќе биде затворено за јавноста по барање на десетина обвинети.
Судењето за случајот Шпион во најголем дел ќе биде затворено за јавноста по барање на десетина обвинети. На почетокот на процесот му претходеше долга безбедноста процедура, поради која судењето доцнеше два часа. По темелниот претрес на обвинетите, нивните адвокати, како и на новинарите, судењето започна. Судија Ѓоко Ристов предупреди дека треба внимателно да се известува за процесот поради тајноста и чувствителноста на доказите.
„Во деловите во кои ќе биде отворен процесот, секое спомнување на зборот државна тајна значи дека податокот не смее да излезе од судската сала. Целиот главен претрес ќе биде снимен аудио и видео“, рече Ристов.
Пред да биде прочитан обвинителниот акт и пред да започне главниот распит, адвокатот Еленко Миланов побара одложување на судењето за 30 до 60 дена, бидејќи тој и неговиот клиент, првообвинетиот Марјан Ефремов, немале доволно време за увид во доказниот материјал.
„Бараме одложување на почетокот на главниот претрес, затоа што обемот на обвинението и доказниот материјал бара време за подготовка на одбраната на Ефремов“, рече Миланов.
Судијата го одби барањето и образложи дека судот е должен во рок од 30 дена од подигнувањето на обвинението да закаже претрес. Ристов порача дека на Ефремов му биле доставени на увид сите докази и обвинетиот може во текот на претресот да ја надополни својата одбрана.
„Непотребно е да се бара одложување на судењето, бидејќи најголем дел од обвинетите се наоѓаат во притвор“, порача Ристов.
Според обвинението, деветнаесеттемина обвинети на првообвинетиот и поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање Ефремов му доставувале информации, кои потоа за да стекне материјална корист им ги препродавал на странските служби, најчесто на унгарската, грчката и руската тајна служба.
Податоци и имиња на оперативци, извештаи за безбедносната состојба во земјава, податоци за вахабисти и верските заедници, скенирани класифицирани документи, податоци за политичката состојба во земјата, како и за лица кои биле под опсервација на службите, кадровски промени во Агенцијата за разузнавање се дел од информациите кои, според обвинението, биле испраќани на странските служби.
Покрај Ефремов, обвинети се и поранешниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Марјан Маџовски, поранешниот генерал на специјалната единица „Лавови“ Горан Стојков , поранешниот разузнавач Александар Диневски.
Некои од обвинетите, освен за шпионажа, се товарат и за изнуда и уцени на познати личности во јавноста со тоа што им се заканувале дека ќе објават информации со кои ќе им го нарушат угледот, доколку не им ја исплатат бараната сума на пари. Според обвинението, групата се формирала како злосторничко здружение во 2009 година, а функционирала сè до 2012 година.
Во деловите во кои ќе биде отворен процесот, секое спомнување на зборот државна тајна значи дека податокот не смее да излезе од судската сала. Целиот главен претрес ќе биде снимен аудио и видео.Ѓоко Ристов, судија.
„Во деловите во кои ќе биде отворен процесот, секое спомнување на зборот државна тајна значи дека податокот не смее да излезе од судската сала. Целиот главен претрес ќе биде снимен аудио и видео“, рече Ристов.
Пред да биде прочитан обвинителниот акт и пред да започне главниот распит, адвокатот Еленко Миланов побара одложување на судењето за 30 до 60 дена, бидејќи тој и неговиот клиент, првообвинетиот Марјан Ефремов, немале доволно време за увид во доказниот материјал.
Бараме одложување на почетокот на главниот претрес, затоа што обемот на обвинението и доказниот материјал бара време за подготовка на одбраната на Ефремов.Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот Маријан Ефремов.