Позитивен тренд се чувствуваше кај градежништвото и многу добро знаеме зошто е тоа, но треба да бидеме реални дека само со градежништво не може да се мери позитивниот тренд на целото стопанство во земјата, вели Арбенд Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Македонија напредува на хартија: Трговскиот дефицит се намалува, бруто домашниот производ расте и се намалува невработеноста. Зад бројките, реалноста е поинаква, коментираат упатените: Луѓе се бришат од списоци за социјална помош, а државните инвестиции со недокажана исплатливост придонесуваат кон раст на БДП, наместо тоа да го прави приватниот сектор, кој допрва треба да се стабилизира пред да оствари каков било раст.
Во втората половина на минатата година власта тврдеше дека со растот на БДП се намалила невработеноста. Проценките на одредени институции се неточни, вели правниот експерт Драге Јованоски.
„Од една единствена причина што не се кажува ако се намалила бројката на невработени луѓе, каде се тие вработени. Ако во едно езеро влегува вода, треба и да излегува за да остане истото ниво, меѓутоа во даденава ситуација практично нема вработување, туку има административно бришење од списоците на Агенцијата за (не)вработување“, вели Јовановски.
Ако од општите податоци се изземат лицата за кои постои евиденција за работен однос и пензионерите, остануваат многу луѓе за кои нема евиденција за редовен работен однос, посочува Јованоски.
„Државата сакала или не сакала мора да ги евидентира, да ги прегрупира и им пишува на луѓето за да ги пропуштаат луѓето за пријавување остануваат до 900 илјади луѓе што не се вработени и не примаат никакви пари по основ на социјала од страна на државата. Тоа е реалната слика“, вели Јовановски.
Поновите статистички проценки укажуваат на намален трговски дефицит и зголемен извоз, како и пораст на индустриското производство во октомври лани од 7 проценти. Малку подетален преглед на податоците открива дека кон растот главно придонеле две - три индустриски гранки. Градежништвото често се издвојува како брзорастечка гранка, но од друга страна, државата и општините градат згради и споменици. Има позитивни трендови во стопанството, вели Арбенд Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија, но тоа е генерална констатација.
„Треба да бидеме искрени. Повеќе позитивен тренд се чувствуваше кај градежништвото и многу добро знаеме зошто е тоа, но треба да бидеме реални и да знаеме дека само со градежништво не може и не е искрено и чесно да се мери позитивниот тренд на целото стопанство во земјата. Дефинитивно има потреба и мора да се стави поголем фокус и на развојот на другите сектори“, вели тој.
Потребен е сличен раст и во прехранбениот сектор и во земјоделството, додава Халили.
„Да бидеме реални, секоја година имаме драстично зголемување на финансиски средства коишто се издвојуваат за земјоделството, но од друга страна ако земеме да ги анализираме податоците коишто доаѓаат од земјоделскиот сектор, за жал имаме пад на производството“, вели Халили.
Годинава македонската економија би можела да бележи раст од три проценти, предвидува Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). Бројката сама по себе може да се промовира како податок за напредок, имајќи предвид дека Македонија беше во рецесија во 2012 година по два квартали во минус. Од друга страна, на листата на ЕБОР пред Македонија е Косово за каде се предвидува економски раст од 3,5 отсто. Тука е и ланскиот податок дека Македонија е последна во регионот по привлекување странски инвестиции, според проценките на Агенцијата за трговија и развој при Обединетите нации.
Практично нема вработување, туку има административно бришење од списоците на Агенцијата за (не)вработување.Драге Јовановски, поранешен синдикалец.
Во втората половина на минатата година власта тврдеше дека со растот на БДП се намалила невработеноста. Проценките на одредени институции се неточни, вели правниот експерт Драге Јованоски.
„Од една единствена причина што не се кажува ако се намалила бројката на невработени луѓе, каде се тие вработени. Ако во едно езеро влегува вода, треба и да излегува за да остане истото ниво, меѓутоа во даденава ситуација практично нема вработување, туку има административно бришење од списоците на Агенцијата за (не)вработување“, вели Јовановски.
Повеќе позитивен тренд се чувствуваше кај градежништвото и многу добро знаеме зошто е тоа, но треба да бидеме реални и да знаеме дека само со градежништво не може и не е искрено и чесно да се мери позитивниот тренд на целото стопанство во земјата.Арбенд Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија.