ХРВ: Дискриминација на жените во Иран, зголемување на насилствата во Ирак

Хјуман Рајтс Воч, во најновиот извештај наведува дека иранските жени и натаму се соочуваат со дикриминација во многу аспекти од животот. Иранските жени, без оглед на нивната возраст, мора да добијат одобрение од таткото за да се омажат или пак да добијат пасош. Хјуман Рајтс Воч му забележува на Иран и за исклучително високиот број на извршени смртни казни во земјата. Во врска со Ирак се наведува дека изминатата година била една од најкрвавите од 2007-ма, главно поради порастот на меѓу-верските насилства, за кои се одговорни милитантите поврзани со Ал Каеда. Истовремено се нагласува дека и политичката криза придонела за заголемување на насилствата.