Имунизацијата е најдобра заштита против грипот, додека за оние кои не сакаат да се вакцинираат потребни се правилна исхрана и редовно одржување на лична хигиена.
Имунизацијата е најдобра заштита против грипот, додека за оние кои не сакаат да се вакцинираат потребни се правилна исхрана и редовно одржување на лична хигиена, препорачуваат докторите.
Од регионот пристигаат предвидувања дека заразите со грип ќе се зачестат идниот месец. Според доктор Бернард Каиќ од хрватскиот Институт за јавно здравје, грипот од тип А Х1Н1 веќе е сезонски грип и не предизвикува сериозни последици како во 2009 година кога беше прогласена пандемија на Свински грип.
„Повеќе луѓе биле во контакт со него, така што неговиот епидемиски потенцијал е намален. Но, за него и натаму е карактеристично тоа што почесто ги напаѓа помладите луѓе, отколку вирусот Х3Н2“, вели доктор Каиќ.
Во меѓувреме, грипот во Македонија ја зема и првата жртва минатата недела. Бројот на хоспитализирани пациенти со клиничка слика на состојба која меѓу другото вклучува и грип, се зголемува, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ.
Барем постарите и хронично болните лица треба да се вакцинираат, вели доктор Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.
„Тоа е најдобрата превенција, меѓутоа за оние што не се вакцинирани, во овој период каде што очекуваме зголемен број заболени од грип, значи февруари, март и натака, во овој период да си го заштитат своето здравје. На кој начин? Повеќе витамини, повеќе течности, да го зголемат имунитетот на организмот, меѓутоа, бидејќи никој со сигурност не може да каже дали ќе се заболи од грип или не, да се избегнуваат контакти со заболени лица“, вели таа.
Личната хигиена е исто толку важна за превенција, бидејќи грипот се пренесува и индиректно преку заразени предмети, вели д-р. Костовска.
„Значи, ако со рацете допрете некој предмет, квака или кревет од заболен, па со тие раце се допрете до уста или до нос, може и на тој начин да се пренесе грипот, значи не мора да сте во директен контакт со заболен. Значи лична хигиена, миење на раце, витамини, течности за заштита на организмот, избегнување контакт со заболени лица и почесто проветрување на просториите дома“, вели таа.
Во последно време на пазарот се популарни додатоци во исхраната за кои се тврди дека се супер храна за имунитетот, моќни антиоксиданси и лекови за сè и сешто. Не верувам во тоа, вели д-р. Костовска.
„Токму сега се носи и закон за додатоци на храна и на исхрана за точно да се регулира и оваа проблематика. За мене е најдобар природниот начин за зајакнување на организмот“, вели Костовска.
Токму сега се носи и закон за додатоци на храна и на исхрана за точно да се регулира и оваа проблематика. За мене е најдобар природниот начин за зајакнување на организмот.Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.
Од регионот пристигаат предвидувања дека заразите со грип ќе се зачестат идниот месец. Според доктор Бернард Каиќ од хрватскиот Институт за јавно здравје, грипот од тип А Х1Н1 веќе е сезонски грип и не предизвикува сериозни последици како во 2009 година кога беше прогласена пандемија на Свински грип.
„Повеќе луѓе биле во контакт со него, така што неговиот епидемиски потенцијал е намален. Но, за него и натаму е карактеристично тоа што почесто ги напаѓа помладите луѓе, отколку вирусот Х3Н2“, вели доктор Каиќ.
Значи, ако со рацете допрете некој предмет, квака или кревет од заболен, па со тие раце се допрете до уста или до нос, може и на тој начин да се пренесе грипот, значи не мора да сте во директен контакт со заболен.Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.