Државата и годинава ќе праќа околу 5.500 пензинери на бесплатна бањско-климатска рекреација. За таа цел од Буџетот се обезбедени 38 милиони денари.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција со директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски, истакна дека заинтересираните пензионери до 14 ти февруари можат да поднесат барање за користење на услугата во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
Пензионерите кои што ја искористиле оваа услугата во претходните години немаат право да ја користат услугата во 2014 година. Бесплатната бањско-климатска рекреација годинава ќе може да се користи во Негорски бањи, Дебарски бањи, Катлановска бања и во „Цар Самоил“.