Договорените измените во изборниот законик се политичка игра, велат познавачите, но според нив договорените изборни измени не значат дека политичките актери ќе покажат политичка волја и за други крупни политички прашања.
Договорот за измените во изборниот законик се политичка игра, а не искрен одраз на политичката волја на партиите и веројатноста од оживување на политичкиот дијалог, коментираат аналитичарите.
Според професорот Арсим Синани консензусот за изборниот законик е дел од компромисите кои постојат во политиката и кои како што вели, некогаш се неизбежни.
„Ова го гледам како една чисто политичка игра за да се добие, се гледа дека ќе имаме избори. Нашите политичари со лопатите под рака се показател дека ќе имаме избори“, вели Синани.
Професорот Никола Дујоски, пак, оценува дека политичкиот договор е здрав за напредокот на едно демократско општество.
„Тоа што се случи со изборниот законик покажува дека можат да се договорат тогаш кога сакаат, разликите не се многу големи и одат во прилог и на двете партии и на сите вклучени партии, а со тоа се разбира и на граѓаните, односно на гласачите. Договор е можен.“
Договорените изборни измени не значат дека политичките актери ќе покажат политичка волја и за други крупни политички прашања. Нашите политичари не се подготвени за големи компромиси, а договорите се прават на дневна основа, убедени се и Дујоски и Синани.
„Договор е можен и за покрупни прашања, но нашето општество или ајде да речам нашите политичари не се зрели за толку, сметам дека во Македонија уште долго време ќе имаме договарање на дневна основа“, вели Дујовски.
„Компромисот во политиката е дел од политиката и би било добро нашите политичари да го сфатат тоа, компромисите некогаш се болни, но се неизбежни бидејќи граѓаните очекуваат нивниот живот да се среди, да е поубав и подобар“, вели Синани.
Токму новиот изборен законик беше една од точките предвидени во првомартовскиот договор меѓу власта и опозицијата, а договорот пак услов за продолжување на дијалогот на Македонија со Европската Унија.
Според професорот Дујоски договорот за изборниот законик и позитивната волја што партиите ја покажаа сега, не гарантира и подобрување на политичкиот дијалог во иднина.
„Ние се уште немаме официјално, или барем граѓаните не знаат кој е заедничкиот став за името, што е круцијално прашање. Не сме се договориле никако и за меѓуетничките односи, тука не ги гледам само партиите од едниот, или од другиот политички блок, македонскиот или албанскиот, сите заеднички треба да седнат и да разговараат на таа тема.“
Според министерот за правда Блерим Беџети во новиот изборен законик биле исполнети сите препораки на ОБСЕ и на ОДИХР, а истиот како што изјави ќе биде донесен со консензус. Ресорниот министер и претставниците на партиите го поздравија постигнатиот договор.
Ова го гледам како една чисто политичка игра за да се добие, се гледа дека ќе имаме избори. Нашите политичари со лопатите под рака се показател дека ќе имаме избори.Арсим Синани, универзитетски професор.
Според професорот Арсим Синани консензусот за изборниот законик е дел од компромисите кои постојат во политиката и кои како што вели, некогаш се неизбежни.
„Ова го гледам како една чисто политичка игра за да се добие, се гледа дека ќе имаме избори. Нашите политичари со лопатите под рака се показател дека ќе имаме избори“, вели Синани.
Професорот Никола Дујоски, пак, оценува дека политичкиот договор е здрав за напредокот на едно демократско општество.
Договор е можен и за покрупни прашања, но нашето општество или ајде да речам нашите политичари не се зрели за толку, сметам дека во Македонија уште долго време ќе имаме договарање на дневна основа.Никола Дујовски, универзитетски професор.