Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс објави сомнителен извештај на нејзината веб страница во кој се наведува дека американската политика, било надворешна, било внатрешна, е водена од вонземјани. Тие, како што се додава во текстот, ја презеле контролата уште во 1945 година.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извештаи, објавени на интернет страници кои главно се занимаваат со фалсификувани и сатирични вести, објавува информација дека руските разузнавачки агенции биле вчудоневидени кога откриле оти американската надворешна и внатрешна политика била водена од вонземјани.
Фарс додава дека тоа се гледало од тајните документи, обелоденети од поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден.
Документите давале непобитни докази дека „таен режим“ владее во Америка откако вонземјаните, кои во текстот се нарекуваат „Високи бели“ се сретнале со тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер.
Во текстот се тврди дека вонземјаните стоеле и зад подемот на нацистичка Германија и оти се уште доминирале во светот.
„Агендата на вонземјаните што ја спроведува таен режим кој владее во Соединетите држави повикува на формирање глобален електронски разузнавачки систем преку кој ќе се крие вистинската информација за нивното присуство на Земјата се додека, како што се наведува во еден од документите на Сноуден, не дојде време за финалната фаза за тотална асимилација на светот“, пишува Фарс.
Оваа новинска агенција објавува и фотомонтажа на која Барак Обама е веднаш до Адолф Хитлер, пред американско знаме со вонземјанин кој гледа во читателот.
Иранските медиуми имаат традиција да објавуваат теории на заговор или сатирични текстови како сериозни информации.
Во минатиот септември, Фарс објави дека едно истражување на Галуп покажало оти белците во селските средини во Соединетите држави го перферираат екс иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад пред Барак Обама. Оваа вест претходно беше објавена од сатиричниот вебсајт „Онион“.
Во минатиот јуни, Мер, една друга иранска полуофицијална новинска агенција, објави извештај дека британската војвотка од Кембриџ Кејт Миделтон била еврејка и оти морала тајно да биде прекрстена за да може да се омажи за принцот Вилјам. Во текстот се додава дека семејството на мајка и на Кејт имало еврејско потекло.
Во октомври иранската телевизија на англиски јазик „Прес ТВ“ на нејзината страница инсинуираше дека вестите за пакистанската активистика Малала Јусефзаи која беше застрелана во глава од талибанците, биле измама.
Претходно оваа телевизија објави документарен филм во кој се наведува дека Неда Ага Солтан, која беше убиена за време на протестите по изборите во Иран во 2009 година, била агентка на Соединетите држави и Британија.

Агендата на вонземјаните што ја спроведува таен режим кој владее во Соединетите држави повикува на формирање глобален електронски разузнавачки систем преку кој ќе се крие вистинската информација за нивното присуство на Земјата.