Претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА Сеп Блатер денеска изјави дека ниту една земја толку не доцнела во организацијата на Светското првенство како Бразил. И покрај поставениот рок до крајот на 2013 година досега биле завршени само шест од потребните 12 стадиони.