Почетокот на градежните активности на новиот клинички центар ќе биде означен денеска пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Објектот ќе биде изграден на местото на старата зграда, каде што во тек е нејзиното уривање кое е предвидено да трае три месеци. Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра, а парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Изградбата на новиот клинички центар се очекува да трае три години.