Во услови на невидена политичка поларизираност на македонското општество - партиската припадност, а не личноста на кандидатот е решавачка за граѓаните при изборот на нов Претседател што треба да се случи во Март 2014 година. Од друга страна, имајки ја во предвид и бројноста на неопределените, кредибилитетот на личноста сепак, ќе има влијание.
Граѓаните на претстојните претседателски избори нема да гласаат за личност, туку за партиски кандидат, без разлика дали тој ќе биде прифатлив за функцијата, велат експертите. Тоа го потврдуваат и граѓаните кои ги анкетиравме. Повеќето од нив тврдат дека политиката е навлезена во животот на сите и затоа тие ќе гласаат оној претседателски кандидат кој доаѓа од партијата која ја поддржуваат.
„Луѓето се определени, повеќе партиски гласаат, отколку да гласаат за да некој самостоен, независен кандидат. На граѓаните веќе не им е битно, каков и да дојде не нè оправа нас.“
„Граѓаните секогаш гласаат според сопствените интереси и никој не може да ги натера да гласаат за друго од она за што се определиле, на која партија ѝ припаѓаат. Ретко кои од граѓаните се независни за да може да гласаат по сопствена волја.“
„Тоа е индивидуален избор и нема шаблон во поглед на начинот на одлучување и размислување на сите граѓани. Некој би гласал за афирмирана личност можеби, а некој поинаку“, велат анкетираните граѓани.
Професор Здравко Савески вели дека македонското општество во последните години драстично се поларизирало на цврсти приврзаници на власта или опозицијата. Според него, во такви ситуации граѓаните не ги гледаат кандидатите, туку гласаат по партиска линија.
„Исклучок од ова правило е кога би се појавил некој независен кандидат со несомнен углед во јавноста, а таква една фигура во овој момент нема во Македонија, така што е доста веројатно голем дел од граѓаните да гласаат по партиска линија и фактички гласањето за избор на претседател да се претвори во неформално гласање за доверба или недоверба на власта“, вели тој.
Савески додава дека кај неопределените има две категории, оние кои воопшто не гласаат и оние кои чекаат со каков кандидат ќе излезе опозицијата или власта.
„Постоењето на оваа категорија кажува дека не е сосема сеедно со кој кандидат ќе излезат едните или другите, но во услови на голема поларизација, главнината од граѓаните, значи не сите, но повеќето, ќе гласаат по партиска линија“, вели Савески.
Досега својата кандидатура за претседателските избори ја најавија професор Јове Кекеновски, член на ВМРО-ДПМНЕ и генералот Стојанче Ангелов од Достоинство.
Луѓето се определени, повеќе партиски гласаат, отколку да гласаат за да некој самостоен, независен кандидат. На граѓаните веќе не им е битно, каков и да дојде не нè оправа нас.Анкетиран граѓанин.
„Луѓето се определени, повеќе партиски гласаат, отколку да гласаат за да некој самостоен, независен кандидат. На граѓаните веќе не им е битно, каков и да дојде не нè оправа нас.“
„Граѓаните секогаш гласаат според сопствените интереси и никој не може да ги натера да гласаат за друго од она за што се определиле, на која партија ѝ припаѓаат. Ретко кои од граѓаните се независни за да може да гласаат по сопствена волја.“
Исклучок од ова правило е кога би се појавил некој независен кандидат со несомнен углед во јавноста, а таква една фигура во овој момент нема во Македонија.Здравко Савески, универзитетски професор.