Наместо Ден за идеи, Ден за барање работа

Ден на отворени идеи во организиција на Општина Битола за да се слушнат размислувањата на граѓаните за нови проекти. Владимир Талески, градоначалник на Битола.

На Денот на отворени идеи во Битола, дел од битолчани дојдоа да барат вработувања
На Денот на отворени идеи што го организираше општина Битола за да ги слушне размислувањата на граѓаните за нови проекти, дел од битолчани дојдоа да барат вработувања. Меѓу нив и Елизабета Христовска која вели дека син ѝ завршил три факултети, а останал без работа.
Син ми има три факултети, тука не можеше да најде работа и замина во странство.
Елизабета Христовска од Битола.

„Нешто повеќе да се направи за младите околу вработувањето зашто има многу млади лица кои заминуваат во странство. Почнувам од мојот пример. Син ми има три факултети, тука не можеше да најде работа и замина во странство. Тој има завршено социјална политика, ДИФ и бизнис менаџмент. Но, за жал со просек 10 тука не најде работа. Мојата ќерка е логопед и магистер по криминална психологија. Не е вработена, затоа сум тука“, рече Христовска.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески признава

лизабета Христовска.

дека дел од граѓаните наместо да приложат идеи барале вработувања. Но, според него, невработеноста постепено се решава, пред се преку вработувања во фабриката „Кронберг и Шуберт“ во Жабени.

„Доаѓаат и такви граѓани кои бараат решение. Но, ние сме можеби првата општина која почнаа да
Доаѓаат и такви граѓани кои бараат решение.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.
прави на свој начин индустриска зона. Од минатиот јануари имаме околу 1.000 вработувања во само еден од објектите изграден во зоната Жабени“, рече Талески.

Според него, намален е бројот на битолчани кои се без работа повеќе години.

„Од пред неколку години луѓето кои бараа работа беа невработени по неколку години. Се менуваат генерациите и сега доаѓаме до една помала бројка, која бара вработувања, а завршиле пред една година. Претходно беше завршив пред пет или седум години, а немам вработување“, додаде Талески.