Инспекторите од УНЕСКО пристигнаа во Охрид да видат што се случува со градот кој е под заштита од 1980 година.
Дали Охрид ќе го загуби статусот град на УНЕСКО или не? Ова прашање деновиве надвиснува над градот откако охриѓани го очекуваа доаѓањето на претставниците на УНЕСКО. Тие пристигнаа во Охрид за да видат што се случува со градот кој е под заштита од 1980 година.
Го посетија Плаошник, каде што во моментот се одвива изградба на неколку објекти кои ќе бидат дел од проектот за возообновување на Свети Климентовиот универзитет и направија нивна детална проверка. Овде треба да бидат сместени музејот, Свети Климентовата библиотека, резиденцијалниот објект за црквата, манастирскиот конак и неколку други. Но, она што е евидентно и со голо око е дека објектите кои се градат се бетонски и се од цврста градба, што, според охриѓани и експертската јавност, е недовозволиво.
Претставниците на УНЕСКО ќе направат обиколка и на старото градско јадро.
Никос Чаусидис, професор по историја на уметноста, вели дека внесувањето на нови објекти од современа архитектура не е дозволиво во така значајни објекти како Плаошник.
„Доколку такви објекти се внесуваат во едно такво историско јадро, тогаш особено се внимава на нивниот габарит, односно на тоа колкав простор зафаќаат и на нивната височина. Во овој случај габаритот и просторот кој го зафаќаат тие објекти не одговараат на целата ситуација. Поголем проблем е што генерално Охрид го губи тој статус бидејќи стариот дел на градот со старата архитектура со околината на објектите е веќе тотално уништена и остава впечаток на евтин туристички комплекс“, вели Чаусидис.
Тој вели дека претставниците на УНЕСКО од Охрид ќе си заминат со забелешки.
„Мислам дека ќе имаат еден општ впечаток дека Охрид веќе го губи амбиентот на историски град. Генералната слика за Охрид ќе биде очајна“, вели Чаусидис.
РСЕ: Дали може да му се случи она што му се случи на Дрезден и да го загуби статусот?
„Тоа не би можел да кажам. Јас мислам дека и самите ние како граѓани на Македонија и самите знаеме дека Охрид не е веќе тоа што беше“, вели Чаусидис.
РСЕ: Што за вас значи вонредна контрола?
„Сигурно слушнале дека работите не одат на добро“, вели Чаусидис.
И охриѓани велат дека не можат да го препознаат Плаошник повеќе.
„Со високи зданија не треба да се оди и тоа треба да биде во склад со стариот дел на градот. Ми се чини дека се оди погрешно.“
РСЕ: Сметате ли дека со ова Охрид се доведува под опасност да го изгуби статусот град на УНЕСКО?
„Мислам дека може да предизвика една таква работа, што може да биде многу трагично за Охрид. Мислам дека е грешка, чии идеи се ова не знам“, вели анкетирана жителка на Охрид.
„Многу се гради и мислам дека тоа е претерано и е недозволиво и големи и високи згради. Стариот дел на градот порано беше најубавиот дел на Охрид. Имаше и паркови и сè, а сега човек нема каде да излезе“, вели жител на Охрид.
УНЕСКО треба да има средба и со градските власти во Охрид.
Доколку такви објекти се внесуваат во едно такво историско јадро, тогаш особено се внимава на нивниот габарит, односно на тоа колкав простор зафаќаат и на нивната височина.Никос Чаусидис, професор по историја на уметноста.
Мислам дека ќе имаат еден општ впечаток дека Охрид веќе го губи амбиентот на историски град. Генералната слика за Охрид ќе биде очајна.Никос Чаусидис, професор по историја на уметноста.